Список на планетарни системи

список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia

Список на планетарни системи
Remove ads

Ова е список на 53-те планетарни системи, вклучувајќи го Сончевиот Систем, подредени по оддалеченост од матичната ѕвезда. Табелата содржи информации за координатите, спектралните и физичките својства и бројот на потврдени планети. Двете најважни ѕвездени својства се масата и металичноста бидејќи како се образува планетарниот систем. Оние со поголема маса и металичност имаат повеќе планети кои се воедно и помасивни.

Thumb
Број на откриени вонсончеви планети годишно во периодот од 1989 до 2010 г. Боите ги означуваат методите на откривање:
  мерење време

Највеќето наведени ѕвезди се од сончев тип, претежно во спектралните класи F, G и K, бидејќи астрономите обично наоѓаат планети околу ѕвезди слични на Сонцето. Некои ѕвезди се џинови, што потрошиле сиот водород во јадрото. Со пронаоѓањето на планети околу џиновски ѕвезди, научниците дознаваат за развојот на планетарните системи и промената во одликите на планетите со текот на развојот на матичната ѕвезда.

Постојат 371 ѕвезди со само по една позната планета и 53 ѕвезди со повеќе од една. Од нив, 34 имаат по 2 планети, 10 имаат по три, 5 со четири, 1 со пет, 2 со шест и 1 со осум. Ѕвезда со највеќе потврдени планети е Сонцето (8). Најмасивната матична ѕвезда е Ипсилон Бик (2,723 M), а најнемасивна е 2M J044144 (0,021 M). Најбогата со метал е 1RXS 1609 (0,616 dex, 4,13 × Sun), а најсиромашна е HIP 13044 (−2,086, 0,0082 × Sun). Најблиската матична ѕвезда на вонсончева планета е Ипсилон Еридан (10 сг), а најоддалечената е MOA-2008-BLG-310L (23807 сг). Гледано од Земјата, по изглед најсјајна е Полукс (1,15), а најбледа е OGLE-2005-BLG-390L (27,98).

Remove ads

Вонсончеви планети

Обоените редови означуваат дека ѕвездата има барем три планети.

Повеќе информации Ѕвезда, Соѕвездие ...
Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads