From Wikipedia, the free encyclopedia
Трикала (грчки: Τρίκαλα) е град сместен во северозападна Тесалија, Грција и главен град на регионалната единица Трикала. Градот се протега по должината на реката Литаиос, која е притока на Пинејос. Според грчката национална статистичка служба, Трикала има 81.355 жители (2011), додека вкупно подрачната единица Трикала е населена со 131.085 жители (2011).
Трикала е жив грчки град со живописни споменици и стари населби со традиционална старогрчка архитектура. Градот се наоѓа во близина на Метеора, а исто така во близина на планинскиот венец на јужен Пинд, каде што има многу туристички дестинации (т.е. камениот мост на Пили, Елати, Пертули, камениот мост и водопад на Палајокарија, ски-центарот Пертули итн.).[1]
Градот го добил името од античкото име Трика или Трике, што доаѓа од името на нимфата која била ќерка на Пенеус или Асопос. Името Трикала се појавува уште во византискиот период. На отомански турски бил познат како Тирхала. На аромански е познат како Трикољ.
Трикала како регион била населен уште од праисторијата. Првите докази за трајнот населување на овој регион се откриени во пештерата Теопетра, а датираат околу околу. 49.000 п.н.е. Неолитските населби кои датираат од 6.000 п.н.е се откриени во Мегало Кефалорисо и други локации.
Градот Трикала е изграден врз урнатините на античкиот град Трика или Трике, кој бил основан околу III милениум п.н.е. Античкиот град бил изграден на одбранбена локација помеѓу локалниот рид и реката Литаиос. Градот се сметал за родно место и главна резиденција на богот исцелителен Асклепиј . Во градот бил изграден еден од најважните и најстарите лековити храмови на Асклепиј, наречен асклепија . Градот се споменува и во познатата Хомеровата Илијада дека учествувал во Тројанската војна со триесет бродови под водство на синовите на Асклепиј, Махаон и Подалириј . Во микенскиот период, градот бил главен град на едно кралство, а подоцна претставувал главен центар на тесалискиот регион Естајотис, кој ја окупирал приближно територијата на модерната префектура Трикала.
Во историските времиња, градот Трике и околината доживеале брз развој и просперитет. Трике потпаднал под власта на Ахеменидските Персијци во 480 п.н.е., додека десет години подоцна се приклучил на Тесалиската монетарна унија. Во 352 п.н.е. бил обединет со Македонија на Филип II. Градот станал место каде се одвивале најтешките битки меѓу Македонија и Рим. Додека Филип V Македонски и неговиот син Персеј се обидувале да го задржат градот, по 168 п.н.е. тој потпаднал во рацете на Римската Република.
Во средниот век областа била цврсто под власта на Византија, но сепак била нападната од низа напаѓачи и номадски племиња. Некои од овие племиња кои извршиле напади во областа вклучуваат: Готи (396), Хуни (447), Словени (577), Бугари (986-1000), Нормани (1082/3), Каталонци (1309-1311).
Сегашното име на Трикала како такво за првпат се појавува во Стратегиконот на Кекауменос од 11 век, каде се спомнуваат „Трикалите Власи “, а потоа во почетокот на 12 век Алексијада на Ана Комнина. Подоцна во векот, арапскиот патник и географ Мухамед ел-Идриси го запишал градот како „важен земјоделски и аграрен центар со изобилство лозови насади и градини“.
По распаѓањето на Византија со Четвртата крстоносна војна во 1204 година, Трикала не паднала во рацете на Франките, туку станала дел од Епирско Деспотство. Епирското владеење траело до 1259 година, кога градот без отпор бил освоен од Никејско Царство (по обновената Византија во 1261 година) по битката кај Пелагонија . Во почетокот на 14 век, градот бил престолнина на полунезависен домен под себастократот Стефан Габриелопулос, кој се протегал низ поголемиот дел од западна Тесалија и Македонија . По неговата смрт во 1332/3 година, градот, заедно со повеќето земји на Габриелопулос, бил под власта на епиротскиот владетел Јован II Орсини, но тој за возврат бил протеран и областа била вклучена во Византиското Царство од страна на Андроник III Палеолог.[2]
Во периодот на 1348 година, Тесалија била освоена од Стефан Душан и вклучена во новоформираната Српско Царство . Српскиот генерал Прељуб бил поставен за управител на регионот и се етаблирал во Трикала. Во 1359 година, полубратот на Душан Симеон Урош го изградил својот двор во Трикала, а во 1366/7 година ги изградил и манастирите Метеори во близина на Трикала. Симеон бил наследен од неговиот син Јован Урош, а него пак од локалните магнати Алексиос Ангелос Филантропенос и Мануел Ангелос Филантропенос, кои владееле до османлиското освојување на Тесалија во 1393/4 година.[3]
Под османлиска власт, градот бил наречен Тирхала . Неговата среќа во раниот период на османлиското владеење е нејасна: Тирхала станува дел од голем санџак под Ахмед, синот на Евренос-бег, но во почетокот на 15 век бил дел од доменот на Турахан бег, кој довел Муслимански доселеници и доделил привилегии на локалното грчко население. Турахан и неговиот син и наследник, Омер бег, подигнале многу згради во градот, помагајќи му, според зборовите на историчарката Александра Јеролимпос, да „[добие] изглед на типичен отомански град, со џамии, медреси, амам, имарет, карвансарај кои се протегаат надвор од цитаделата и квартот Варош кој останал христијански“.
Како административен центар на санџакот Трикала, градот привлекувал голем број муслимански имигранти и имал големи муслимански и еврејски заедници: на пописот од 1454/5 година, градот имал 2.453 жители (251 муслиманско семејство и 9 вдовици и 212 христијански семејства и 73 вдовици); во 1506 година, градот броел 3.100 жители, со 260 муслимански, 310 христијански и 19 еврејски семејства; во 1520/38 година, овој број се искачил на 301 муслиманско, 343 христијанско и 181 еврејско семејство. Градот, станал важен интелектуален центар во текот на овие години (1543-1854) со училиштето Трике (а подоцна и грчкото училиште), каде што предавале многу познати интелектуалци од тоа време, како Дионисиј Филозоф. Јаничари станувале и христијанските деца од Трикал.
Отоманскиот патник од 17 век , Евлија Челебија, известува дека градот имал 2.300 куќи кои биле поделени на шеснаесет муслимански и осум христијански квартови (маала); осум џамии, од кои само главната џамија во градот, џамијата Осман Шах, изградена од Мимар Синан, кој преживеа до ден денес; четири амами; шест текии; и околу 1.000 продавници, иако Евлија љубопитно не го спомнува импресивниот безестен (покриен пазар) во градот кој бил срушен на почетокот на 20 век. Градот бил изгорен во голем пожар во 1749 година, уништување што го повториле албанските нередовни по неуспешното востание на локалното христијанско население за време на Пелопонеското востание. И покрај уништувањето и горењето , неговото население останало исто, околу. 25.000, до избувнувањето на Грчката револуција во 1821 година. До 1840 година, наводно градот броел само 10.000 жители, а последниот отомански попис во 1877/8 година навел 25.000 жители за целиот санџак на Трикала.
На 23 август 1881 година со Константинополскиот договор помеѓу Отоманското Царство и Кралството Грција, градот се враќа под грчка власт , заедно со остатокот од Тесалија. За време на Грчко-турската војна од 1897 година, тој повторно е окупиран од османлиските сили но само накратко. Во годините што следеле , Трикала одиграла значајна улога во руралните работнички мобилизации, на почетокот на 20 век, против тесалиските земјопоседници. Трикала на крајот станала град во кој била формирана првата земјоделска задруга на Грција, во 1906 година.
Гледано наназад во историјата Трикала и неговата околина имале забележителна концентрација на Ароманци, вклучително и од други региони.[4]
Градот изгубил голем дел од неговите отомански и средновековни градби на почетокот на 20 век,особено откако повторно го изградиле според нов модерен урбанистички план во 1930-тите.
Трикала денес е многу жив грчки град, добро познат низ Грција по реката која што го преполовува центарот на градот, а исто така и по историските споменици и живописниот стар град.[1]
Градот Трикала е во непосредна близина на повеќе туристички дестинации во регионот погодни за дневни патувања. Градот се наоѓа во близина на светски познатите Метеора и Калампака, а исто така и во близина на планинскиот венец на јужен Пинд со своите познати знаменитости, т.е. камениот мост на Пили (16 век), византиската црква Порта Панагија, камениот мост (16 в.) и водопадот на Палајокарија, Елати, Пертули, Нераидохори и скијачкиот центар Пертули.
Општината Трикала беше формирана на реформата на локалната власт која беше воведена во 2011 година со спојување на следните 8 поранешни општини, кои станаа општински единици:[11]
Општината се простира на површина од 607.585 km 2, општинската единица 69.205 км 2 .[12]
Провинцијата Трикала била една од провинциите на префектурата Трикала. Нејзината територија се поистоветува со територијата на сегашните општини Трикала, Фаркадона и Пили .[13] Укината е во 2006 година.
Во Трикала се наоѓа и Општата болница на префектурата Трикала. Катедрата за физичко образование и спортски науки на Универзитетот во Тесалија е сместена во Трикала, и е основана во 1994 година, при што првите студенти биле примени во учебната 1994-1995 година; првично универзитетот бил сместен во објектот на паркот Мацопулос, но сподоцна бил префрлен во новиот кампус Карјес во јули 1999 година. Трикала има над 20 училишта за средно образование, а во градот функционира и модерно ноќно техничко училиште.
Трикала се смета за прв град во Грција кој ги интегрира новите технологии во секојдневниот живот на општината и обезбедува владини услуги за граѓаните преку е-владеење.[14][15] Понатаму, тој е во процес да стане првиот град во Грција подготвен за 5G .[16]
Градот се наоѓа веднаш до автопатот 3 (А3) или автопатот во Централна Грција (познат и како автопат Е65). КТЕЛ, кој е главната автобуска услуга за меѓуградски јавен превоз во Грција, спроведува чести автобуски линии, поврзувајќи ја Трикала со околните региони, Атина, Солун и многу други градови на копното. Градот го опслужува и железничка станица . Секојдневно има железничка линии до Атина и Солун .
Трикалаима континентално влијание но тоа не е доволно за градот да избегне да биде класифициран како медитеранска клима ( Csa ), иако со значителни дневни температурни варијации . Летата се многу жешки , со просечен август од 34.5 °C (94.1 °F) . Во меѓувреме, есента и пролетта се прилично благи, без екстремно ниски или високи температури. Ниските температури се јавуваат понекогаш, особено во зимските ноќи. Забележани се повремени врнежи од снег, но генерално не се значителни.
година | Општинска единица | општина |
---|---|---|
1991 година | 48.857 | 74.832 |
2001 година | 54.605 | 78.817 |
2011 година | 61.653 | 81.355 |
2021 година | 78.605 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.