црква во селото Полошко From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Ѓорѓи е главната манастирска црква на Полошкиот манастир, која се наоѓа на самиот брег на Тиквешкото Езеро, во поранешното кавадаречко село Полошко, чиј атар денес припаѓа на селото Праведник. Првобитната црква е изградена до 1340, живописана во периодот 1343 – 1345година, додека нартексот е дограден во почетокот на 17 век. Живописот во нартексот датира од 1608 – 1609 година, а како негови ктитори се јавуваат игуменот на манастирот, Јеромонах Сава и Јеромонахот Патрониј.[1]
Свети Ѓорѓи | |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Маренска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Полошко |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Ѓорѓи |
Архитектонски опис | |
Во литературата до скоро време се правеле претпоставки и погрешни заклучоци за времето на изградбата и за живописувањето. Таквите полемики траеле до 1983-85 година кога биле симнати фреските од 1609 година од источниот ѕид на припратата, а на кои биле прикажани сцени од житието на Св. Георги. Тогаш, под тие фрески биле откриени историските портрети на Драгушин и на неговата жена Ана со пригоден текст за неговата смрт и погребението во овој храм. На спротивната страна бил откриен ктиторскиот портрет на деспотицата Марија - мајката на Драгушин со моделот на црквата во рацете и покрај неа нејзиниот внук - синот на Драгушин и Ана. Во горните зони биле откриени портретите на кралот Душан, на неговата жена Елена и на синот Урош, а во нишата над влезот портретот на Св. Георги - патронот на црквата. Овие нови откритија овозможија да се датира изградбата на црквата, нејзиното зографисување, кој бил ктиторот на црквата, како и за гробот на Драгушин како близок роднина на кралот Душан.
Внатрешноста на црквата е целосно живописана со сцени и композиции од животот на Господ Исус Христос, со светители претставени во цел раст и допојасно, со композиции од Големите празници, со големо чувство за прилагодување кон архитектурата и со иконографска програма што е вообичаена за малите византиски цркви, истакнувајќи го гробниот карактер на храмот. Кон западната страна на црквата е подигната припрата пред 1609 година, кога внатрешните ѕидови на припратата се живописани. Припратата е градена со блокови камен одвоени со две вертикални тули и така наизменично. Од внатрешната страна е засводена а однадвор е со кров на две води. Има два влеза - едниот на северната а другиот на западната страна од припратата. За осветлување на внатрешноста има по една монофора на јужната и северната и бифора на западната страна.
Внатрешноста на црквата е во целост живописана. Позната е по својот фрескоживопис од XIV век, а уште повеќе по полиелајот (црковен лустер) резбан во дрво што претставува и најстара датирана резба во Македонија од 1492 година. Мошне импресивен е големиот иконостасен крст со распетие изработен од резба во дрво од 1584 година. Од голема вредност се и престолните икони Св. Богородица од 1649 година и Исус Христос спасител со апостоли од почетокот на XVI век, како и царските двери од крајот на XVI век.
На западната фасада над западниот влез има ниша во која е насликан „Св. Ѓорѓи“ на коњ. Горниот слој со претставата на „Св. Ѓорѓи“, кој е насликан во 1881 година, е изваден (симнат), а под него е исто така „Св. Ѓорѓи“ на коњ од 1609 година, кој изворно и денес стои во нишата. На северната фасада од припратата, односно над северниот влез во припратата има ниша во која е насликан св. Димитриј на коњ, дело на крушевските зографи. Од ентериерот на средновековната црква не е сочувано ништо. Можеме само да претпоставуваме каков бил иконостасот од XIV век, а сигурно бил поставен непосредно зад свечените релјефни арки што го врамуваат „св. Ѓорѓи“ на јужната и св. Никола на северната страна во источниот травеј. Тој го преградувал малиот олтарен простор, кој очигледно не ги задоволувал богослужбените потреби, па подоцна е заменет со нов, позападно поставен иконостас, којшто ги оштетил страничните ѕидови.
Царските двери се веројатно од втората половина на XVI век. Двата епистили со Деисисот и Големите празници се од првата четвртина на XVII век или можеби токму од 1630 година, кога е сликана храмовата икона на св. Ѓорѓи со неговото житие.
Големиот иконостасен крст со Распетитето Христово од 1584 година е извонредно резбарско остварување, кој бил поставен врз горниот дел од оконостасот, и се смета за една од најрепрезантативните зачувани целини од овој вид во Македонија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.