Георги Ацев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георги Ацев
Remove ads

Георги Гога Ацев ( 1883 , Ореовец - 25 јуни 1906 , Крапа), познат и како Срцето[1][2]македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.[3][4]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Георги Ацев е роден во текот на мај 1883 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманското Царство. Завршил во Скопското бугарско педагошко училиште, а потоа станал учител во Тиквешкото село Страгово.[5]

Стапил во редовите на ВМОРО пред Илинденското востание, во кое неговите браќа Мирче и Петар бил војводи. Зимата 1904 година станал четник во четата на брат му Петар, а од 1905 година, по заминувањето на Петар Ацев за Бугарија, го заменил, и станал војвода на четата.[5] Георги Ацев водел редица борби со османлиските чети, како и со чети на српската и грчката пропаганда во Македонија.

Во текот на летото 1905 година, кај селото Полог ја разбил андартската чета од 25 души од блиските гркомански села,[6], веројатно четата на Петар Сугарев.

Во текот на летото 1906 година, бил предаден при акција во поречкото село Крапа, а четата му бил нападната од четата на Глигор Соколов. При престрелката со српските чети на планината Даутица, бил ранет, и за да не биде фатен жив, се самоубил.[7][8]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads