Петар Ацев
македонски револуционер, член и војвода From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петар Ацев — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Роден е во селото Ореовец, Прилепско. Завршил VI клас во Софија. Од 1897 до 1901 година е учител во Прилеп, Крушево и други места во Македонија. Заедно со браќата Мирче и Георги, тој се вклучил во револуционерната дејност на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година, негов четник е Крсто Гермов, подоцна познат како Шаќир војвода.
На почетокот на 1902 година, тој станал нелегален, а од мај бил околиски војвода за Прилепско. Тогаш негов четник е и Атанас Иванов. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот.
Петар Ацев, заедно со Георги Поп Христов и Лазар Поп Трајков, бил избран за резервен член на Генерал штабот, составен од Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов [1].
По завршувањето на Илинденското востание бил избран за нелегален член на окружниот комитет, заедно со Павел Христов и Панде Кљашев, а за легални Милан Матов, Петар Нешев и Михаил Ракаџиев. Ацев водел неколку борби со отомански сили и четите на српската и грчката пропаганда во Македонија.
На 28 јуни 1904 година четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе борбата со турски аскер кај село Селце, во која загинува Никола Карандџулов. Во 1905 година Трајко Кралев, Петар Ацев, Ѓуре Спирков и Крсто Гермов имале средба со српскиот ренегат Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедувал да му дозволат да влезе во Македонија [2].
Во 1907 година, тој учествувал во Битката на Ножот заедно со војводите Тане Николов, Иван Наумов, Михаил Чаков, Христо Цветков и Мирче Најдов.
На Ќустендилскиот конгрес Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК, заедно со Петко Пенчев, Павел Христов, Ефрем Чучков, Аргир Манасиев и Стамат Икономов [3].
По Младотурската револуција, тој излегол од илегала и се населил во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и 15 месеци е носен низ разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година по што се населил во Пловдив, Бугарија.
Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМРО, а подоцна бил член на Илинденската организација. Ранет е во текот на Горноџумајските случувања во септември 1924 година.
Remove ads
Поврзано
- Дончо Ацев
- Пара Ацева
- Мирче Ацев - Оровчанецот
- Георги Ацев
- Мирче Ацев
- Димче Ацев
- Менка Ацева
- Вера Ацева
Извори
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads