Црква „Пресвето Срце Исусово“ - Битола

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Пресвето Срце Исусово“ - Битола
Remove ads

Црква „Пресвето Срце Исусово“ — католички храм што се наоѓа во Битола, Македонија.

Кратки факти Пресвето Срце Исусово, Место ...
Remove ads

Историја

За основањето на црквата најзаслужни биле лазаристите кои во 19 век започнале со идеја за ширење католичката вера меѓу православното население на Отоманското Царство. Основач на парорхијата во градот бил Жан-Жозеф Лепавек кој во 1857 година го купил хотелот Локанда на Широк Сокак.

За потребите на лазаристите и за малкуте католички верници од градот, истата година во објектов била востановена скромна капелка, сместена на таванот, со димензии од 15х7х4 метри. Уште оттогаш нејзината внатрешност ја красела посебно значајната и ценета икона посветена на „Пресветото срце Исусово“, специјално донесена од Рим. Додека не дошле помошници, духовни браќа на основачот Лепавек, посебен советник и соработник му бил францускиот конзул во Битола, Белег де Буга, кој извесно време и просториите на Мисијата ги користел за потребите на својот конзулат.[1]

Капелката служела до 1870 година кога, заради нараснатите потреби и зголемениот број верници, на истото место бил подигнат сосема нов, наменски објект за црква, изведен во барокен стил. За време супериорот Денис Дипол (1877-1881) во дворот на црквата била подигната и провизорна камбанарија, било поставено и црквено ѕвоно, прво што се огласило во Битола по неколкувековниот молк, предизвикувајќи шок и жестока реакција среде муслиманското население, па набрзина било замолчено и отстрането.[1]

Во 1900 година црквата била опожарена. Потоа следувале административни напори и собирање средства за нејзина обнова. На 27 декември 1909 година, по Младотурската револуција бил обезбеден ферман за изградба на објект и нова камбанарија. Изведбениот план бил подготвен во Париз од познат француски архитект, кој се определил за новоготски француски стил, а изведувачи биле домашни мајстори. Црквата настрадала и за време на Првата светска војна и биле потрошени значителни средства за нејзиното обновување[1]

Remove ads

Опис

Денешната црква датира од 1909 година и истата е во неоготски стил. Главниот олтар од костеново дрво во готски стил бил изработен во Минхен, Германија. Останатите два помали олтари биле изработени во новоготски француски стил. Новиот олтар како и амвонот биле изработени во 1975 год од ореово дрво, а ги изработил Ѓорѓи Караџовски. Камбанаријата на црквата била изградена во периодот 1938 - 1940 г., и е подарок од словенечките верници[2].

Певницата и чесниот престол се дело на копаничарот Ѓорѓи Караџовски.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads