Ѓорѓи Николов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ѓорѓи Николов
Remove ads

Георги Николов Поп Теофилов — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Николов е роден 1883 година во разлошкото село Белица, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од родот Поп Теофилови. Татко му Никола Поп Теофилов бил учесник во Македонското востание, неговиот брат Теофил Николов бил член на Македонската револуционерна организација, а неговиот вујко Лука Поп Теофилов бил егзархиски учител во Сер, Неврокоп, Мелник и Банско и основач на револуционерната комитет во Разлог, еден од првите раководители на Организацијата. Георги завршил беличкото училиште во 1896 година и до 1898 година учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и во Серското педагошко училиште.

Учителствал во Јакоруда и влегол во Организацијата. По откритијата на властите се засолнил во чепинското село Лажани, Бугарија. Учествувал во Илинденското востание како војвода на чета и помагал при повлекувањето на бегалците кон Бугарија.

По погромот на востанието е четник при Георги Скрижовски во неговиот роден Разлог. Во Балканската војна во 1912 година заедно со Лазар Топалов е на чело на чета, која учествува во ослободувањето на Разлог. По војната во 1914 година е избран за градоначалник на Белица. Убиен е во 1916 година од политички противници [1][2].

Remove ads

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads