Јанаково

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Јанаковоmap
Remove ads

Јанаково или Јанакево (грчки: Γιαννακοχώρι, Јанакохори; книжевно: Γιαννακοχώριον, Јанакохорион; до 1926 година: Γιαννάκοβο, Јанаково; книжевно: Γιαννάκοβον, Јанаковон[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Јанаково Γιαννακοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на седум километри северно од градот Негуш, на патот што води од Негуш за селото Голема Река, на надморска височина од 290 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 18 квадратни километри.

Сместено е во североисточните пазувите на планината Каракамен (Негуш Планина или Дурла).

Историја

Селото порано било многу поголемо, но настрадало во времето на Негушкото востание, поради што голем дел од селаните се раселиле на сите страни.[3]

Селото Јанаково, како и селата од целото ова подрачје, до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3]

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени понтски Грци, бегалци од Понт. Во 1928 година, Јанаково претставувало мешана населба со 17 бегалски семејства со вкупно 79 жители.[4].

Во 1926 година, името на селото било променето во Јанакохорион (Γιαννακοχώρι).

Remove ads

Стопанство

Поголемиот дел од обработливите површини во селото се наводнуваат од реката Голема Река, поради што е развиено овоштарството, а само на ограничени површини се сеат памук и пченица.[3]

Население

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јанакиево (Yanakievo) било село во Воденската каза со 15 домаќинства и 70 жители.[5] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Јанаково живееле 70 Македонци христијани.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанакиево (Yanakievo) имало 72 Македонци.[7]

Во пописот од 1913 година било забележано со 47, а во 1920 година со 128 жители. По 1924 година тука се населиле неколку бегалски семејства (вкупно 80 бегалци), така што селото станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со 229 жители, во 1940 година со 461, во 1951 година со 418, во 1961 година со 504, во 1971 година со 444, во 1981 година со 440, а во 1991 година со 468 жители, од кои нешто повеќе од половината Македонци.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 410 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 415 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јанаково, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

  • Кула (или Драгаца) — кула од османлиско време, прогласена за споменик на културата.[8]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads