Јанешево

село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Јанешевоmap
Remove ads

Јанешево или Енешево (грчки: Μεταλλικό, Металико, до 1927 Јанес, Γιάννες)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Јанешево Γιάννες, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 5 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 174 метри.

Историја

Праисторија и антика

Кај Јанешево постојат пет големи археолошки наоѓалишта. Јанешево I (Α) е древниот крестонски град Брагил на ридот Бујук Тепе, 1 км ЈЈИ од селото. На подножјето на ридот е откриена праисториската населба Јанешево II (Β) со остатоци од ѕидови и површинска керамика. Јанешево III и IV (Γ и Δ) се две соседни населби на рид западно од селото. На 50 м на север од ридот има извор. Откриени се површински наоди од праисториска керамика, страги од утврдувања и куќи со камено-глинена градба од историско време. Јанешево V (Ε) се наоѓа кај Хаџи Јунус и претставува праисториска населба со трапезоиден облик. Пронајдена е површинска керамика од бронзено време. Во 1996 г. наоѓалиштата се прогласени за споменици на културата.[3]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јанешево се состоело од 100 семејства со 483 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Јанешево имало 320 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци и работело егзархиско училиште[4][7].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Србија (Вардарска Македонија) или Бугарија.[8].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 22 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 35 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Металико.[9]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 407 жители бегалци.[10], додека во 1940 година селото броело 711 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 534 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 535 жители, во 1971 година имало 410 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 412 жители[11]. Денеска, населението на селото е 371 жител според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

Родени во Јанешево
  • Вано Георгиев (1879 - ?)[12]
  • Гоце Христов (1884 - ?)[13]
  • Иван Манолов (1863 - ?)[14]
  • Илија Паунов (1890 - ?)[15]
  • Кирил Георгиев (1890 - ?)[16]
  • Петруш Димитров (1883 - ?)[17]
  • Петар Динев (1886 - ?)[18]
  • Тодор М. Ангелов[19]
  • Тодор Манолов (1890 - ?)[20]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads