Јеле Валајс

белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Јеле Валајс
Remove ads

Јеле Валајс (холандски: Jelle Wallays; р. 11 мај 1989 ) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Кофидис.[1]

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads
Remove ads

Кариера

Јеле Валајс е брат и внук на велосипедистите Јенс Валајс и Лук Валајс.[2] Бил трениран од неговиот вујко на почетокот од неговата кариера и настапил на неговата прва трка на 14 години. Почетокот на неговата прва година како професионалец во 2011 година била одбележана со повреда на коленото, меѓутоа неколку недели потоа се вратил на трките и го имал својот најдобар резултат, завршувајќи трет на националното друмско првенство, зад Филип Жилбер и Џани Мерсман.[3]

Како победник на Париз-Тур под 23 години во 2010 година, Валајс го освоил Париз-Тур 2014 откако заминал во бегство во воведните километри на трката долга 237,5 километри, со што бил единствен возач кој ги освоил двете изданија на трката.[4] Повторно ја освоил трката во 2019 година.

Во 2015 година победил на Дварс дор Вландерен откако нападнал во група од тројца возачи на еден километар од целта.[5]

Валајс се приклучил на Лото-Судал за сезоната 2016 со цел да биде дел од спринтерскиот воз на екипата.[3] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[6]

Во октомври 2020 година, Валајс потпишал за екипата Кофидис за сезоната 2021.[7]

Remove ads

Достигнувања

2009
3. Краен пласман Крајц Брајц
5. Национално друмско првенство под 23 години
5. Париз-Рубе за млади
8. Краен пласман Ми-Аут Бретон
2010
1. Гран при Крикелион
1. Париз-Тур за млади
5. Омлоп Хет Ниусблад за млади
7. Сиркуит де Валони
8. Трка околу Фландрија за млади
2011
3. Национално друмско првенство
4. Катекурс
5. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
7. Краен пласман Трка околу Британија
10. ГП Стад Зотегем
2012
7. ГП Џеф Схеренс
9. Краен пласман Тур де Валони
2013
1. Етапа 1 Светски пристаништен класик
4. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
7. Краен пласман Дварс дор Вест-Вландерен
7. ГП ван де Стад Гел
7. ГП Џеф Схеренс
8. Краен пласман Трка околу Данска
2014
1. Париз-Тур
1. Омлоп ван хет Хутланд
3. Меѓународен велосипедски трофеј Јонг Мар Мудиг
7. Краен пласман Трка околу Данска
7. Ронде ван Дренте
9. Дрејвенкурс Оверејсе
10. Хроно де Насионс
2015
1. Дварс дор Вландерен
1. ГП Крикелион
1. Дуо Норман (со Виктор Кампенертс)
4. Краен пласман Трка околу Луксембург
7. Схал Селс
8. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
2016
1. ГП Пино Черами
4. Дварс дор хет Хагеланд
9. Краен пласман Дварс дор Вест-Вландерен
2018
1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
1. Етапа 6 Вуелта а Сан Хуан
4. Такс Про Класик
2019
1. Париз-Тур
9. Краен пласман ЗЛМ Тур
2020
8. Антверпен Порт Епик

Распоред на резултатите на големите трки

Повеќе информации Голема трка, Џиро ...

СО = се откажал; — = не учествувал

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads