Вуелта а Еспања 2018
73. издание на велосипедската трка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Вуелта а Еспања 2018 (познато и како: Трка околу Шпанија 2018) — 73. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 25 август и 16 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2][3] Трката започнала во Малага, а завршила во Мадрид.
Трката била освоена од британскиот возач Сајмон Јејтс за негова прва победа на некоја голема трка и прв победа на некоја голема трка за неговата австралиска екипа Мичелтон-Скот. Тоа било втора последователна Вуелта и петта последователна голема трка, која била освоена од британски возач и била заокружена годината на победи на големите трки од тројца различни возачи од иста држава, со победата на Крис Фрум на Џиро д’Италија и победата на Герајнт Томас на Тур де Франс.
Remove ads
Екипи
Изданието на Вуелта а Еспања во 2018 година било составено од 22 екипи.[4] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
![]() |
Remove ads
Фаворити пред трката
Првакот од 2017 година, Крис Фрум од Тим Скај одлучил да не ја брани титулата откако возел на четири големи трки по ред, освојувајќи три од нив.[6] Четворица други поранешни победници настапиле на трката: Наиро Кинтана, Алехандро Валверде (обајцата од Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) и Фабио Ару (ОАЕ Тим Емирати).[7] Други возачи сметани за кандидати во генералниот пласман биле Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер), Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот), Мигел Анхел Лопес (Астана), Михал Квјатковски (Тим Скај), Вилко Келдерман (Тим Санвеб), Стевен Краусвајк (Лото НЛ-Џамбо), Тибо Пино (Групама-ФДЖ) и Ригоберто Уран (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак).[8]
Remove ads
Рута и етапи
Преглед на трката
Пласмани
Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2018, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[9]
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[9]
Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.[9]
Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.[9]
За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[9]
Дополнително постоеле и две поединечни награди: наградата за борбеност и наградата за млад возач. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот. Наградата за млад возач се сметала на истиот начин како и генералниот пласман, но само за возачите родена на или по 1 јануари 1993 година. Предводникот го носел црвениот број.[9]
Remove ads
Завршни пласмани
Генерален пласман
Бодовен пласман
Планински пласман
Комбиниран пласман
Екипен пласман
Remove ads
Забелешки и наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads