Николо Фаџоли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Николо Фаџоли (роден на 12 февруари 2001 година, во Пјаченца) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина, на заем од Јувентус, и на италијанската репрезентација.
Remove ads
Клупска кариера
Почетоците, Јувентус У23 и дебито за првиот тим на Јувентус
Израснат во младинските тимови на Пјаченца прво и на Кремонезе потоа, во 2015 година се приклучил на младинската академија на Јувентус.[1] Своето професионално деби го направил на 26 август 2018 година со Јувентус У23, вториот тим на црно-белите, во ремито 2-2 со Албисола во Купот на Италија Серија Ц;[1][2] последователно на 24 септември го направил своето деби во Серија Ц, во поразот со 4-0 на гостувањето кај Карарезе.[3] Во текот на сезоната, тој останал во Примавера тимот на Јувантус и само повремено се приклучувал на тимот до 23 години, без да има дополнителни настапи за истиот: згора на тоа, во април 2019 година бил принуден привремено да престане да игра за да ја поправи сликата со доброќудната срцева аритмија.[4]
Тој формално останува во редовите на Примавера и за сезоната 2019-2020, во која сепак ја зголемува својата минутажа со вториот тим особено во победничкиот пат во Купот на Италија Серија Ц, играјќи меѓу другото и како стартер во финалето во Чезена против Тернана.[5] Следната сезона, тој бил трајно промовиран во тимот до 23 години:[1] на 1 ноември 2020 година, го постигнал својот прв професионален гол, оној за конечни 1-1 во натпреварот од првенство против Леко.[6]
Во меѓувреме, во летото 2018 година, тој бил повикан за првпат да биде дел од првиот тим на Јувентус, иако неофицијално по повод претсезонските подготовки.[7] На 27 јануари 2019, го добил првиот повик за некој официјален натпревар на првиот тим на Јувентус од тренерот Масимилијано Алегри, во пресрет на гостувањето кај Лацио во Серија А.[1] Со зголемена зачестеност на повици во текот на сезоната 2020-2021, точно две години подоцна од својот прв повик во првиот тим, на 27 јануари 2021, тој го направил своето официјално деби за Јувентус под водството на тренерот Андреја Пирло, излегувајќи на теренот како стартер во победата со 4-0 над СПАЛ во Купот на Италија;[8] последователно на 22 февруари го направил своето деби во првенството, заменувајќи го Родриго Бентанкур во текот на второто полувреме од победата со 3-0 на домашен терен против Кротоне.[9] На крајот од сезоната, тој можел да се пофали со успеси во Купот на Италија и Суперкупот на Италија.
Позајмицата во Кремонезе
На 31 август 2021, тој се вратил во Кремонезе во Серија Б, на позајмица од Јувентус до крајот на сезоната. Дебитирал во втората италијанска лига на 12 септември во победата со 2-0 на домашен терен над Читадела, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Паоло Бартоломеи во 55-тата минута. Својот прв гол за григиоросите го постигнал веќе во вториот настап, само седум дена подоцна од своето деби, погодувајќи ја мрежата на својот поранешен соиграч Џанлујџи Буфон по само три минути игра во победата со 2-1 на гостувањето кај Парма.[10] На 2 октомври 2021, тој асистирал за голот на Лука Ѕанимакија во победата со 2-0 над Тернана, а во следното коло бил одново стрелец во ремито 1-1 на гости против Беневенто. Во сезоната 2021-2022, Фаџоли бил основна фигура во формацијата на тренерот Фабио Пекија со 33 настапи и 3 гола за Кремонезе,[11] давајќи огромен придонес за промоцијата на клубот во Серија А за првпат после 26 години.[12]
Враќање во Јувентус
Во летото 2022 година, тој се вратил во Јувентус, овојпат трајно промовиран во редовите на првиот тим.[13][14] Со скромна минутажа на почетокот од сезона, првиот настап за Јувентус во сезоната го имал на 3 сепрември против Фјорентина, влегувајќи како замена во последните минути на местото на Леандро Паредес. На 14 септември, дебитирал во Лигата на шампионите, во поразот со 1-2 на домашен терен од Бенфика. На 29 октомври, како резултат на кризата со повредени играчи во Јувентус, Фаџоли добил шанса да игра цело второ полувреме во натпреварот на гостувањето кај Лече; во истиот тој натпревар го постигнал својот прв гол за Јувентус со прекрасен пласиран удар од косо, за победа на бјанконерите од 1-0.[15] На 6 ноември, тој го постигнал вториот гол за Јуве во победата со 2-0 над Интер во Дербито на Италија.[16]
Remove ads
Репрезентативна кариера
По настапите за неколку младински репрезентации на Италија,[17] на 23 септември 2021 година, тој го направил своето деби за селекцијата до 21 година, влегувајќи во последниот четврт-час на местото на Николо Ровела во натпреварот против врсниците од Луксембург во квалификациите за Европското првенство 2023.[18]
На 16 ноември 2022, неколку дена подоцна откако го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Роберто Манчини, Фаџоли го направил своето деби за аѕурите во пријателски натпревар против Албанија.[19]
Хронологија на репрезентативните настапи
Remove ads
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 13 ноември 2022.
Клупски
Јувентус
- 2019-2020
Куп на Италија : 2
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads