Хадерслев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хадерслевmap
Remove ads

Хадерслев е значаен град во Данска, кој се наоѓа во југозападниот дел на државата. Градот се наоѓа во покрајната Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Хадерслев. Денес Хадерслев има околу 22.000 жители во градските граници и околу 55.000 во поширокото градско подрачје.

Кратки факти Хадерслев, Површина ...
Remove ads

Природни услови

Хадерслев се наоѓа во југозападниот дел на Данска, во близина на државната граница со Германија, која се наоѓа на 12 километри југозападно од градот Хадерслев. Од главниот град Копенхаген, градот Хадерслев е оддалечен само 220 километри југозападно.

Релјеф: Градот Хадерслев се наоѓа во јужниот дел на данскиот плуостров Јитланд. Подрачјето околу градот е бреговите. Надморската височина се движи од 0 до 50 метри.

Клима: Климата во Хадерслев е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води Хадерслев се формирал на крајот на Хадерслевски Залив, дел од Балтичко Море.

Remove ads

Историја

Подрачјето Хадерслев било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба е основана околу 1200 година. Градските права населбата ги добила во 1292 година.

Во периодот помеѓу 1867-1920 градот Хадерслев бил прво во рамките на Кралство Прусија, а од 1871 во рамките на следбеникот Германското Царство.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Remove ads

Население

Денес Хадерслев има 22.101 (2020) жители во градските граници и 55.670 (2020) со околните населени места на општина Хадерслев.

Етнички состав: Населението на Хадерслев до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads