Љубиша Трајковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Љубиша Трајковски (роден во Скопје, на 29 ноември 1927 – починат во Битола, во 1995 )[1]македонски филмски и театарски глумец, член на Битолскиот народен театар од 1960 година.[2]

Кратки факти Роден, Починал ...

Глумец, кој претставувал еден од најраскошните таленти на македонското глумиште и бил столб на битолскиот ансамбл. Неговата природност во откривањето на драмските судбини посебно ја карактеризирала неговата уметничка игра.

Remove ads

Животопис

Љубиша Трајковски бил роден во Скопје во 1927 година. Во 1960 година, тој дошол во Битола, се вработил во Народниот театар и станал дел од член на драмскиот ансамбл. Заради болест бил оттргнат од театарот, но со подобрувањето на здравјето, тој се вратил на сцената играјќи помали улоги со исто мајсторство како што ги остварувал своите насловни и водечки улоги.

Творештво

Во својот глумечки живот остварил бројни и забележителни театарски и филмски улоги.

Поважни театарски улоги[2]

Година Улога Претстава Автор
1963Дамата со камелииАлександар Дима Синот
1964ФранцЗаточениците од АлтонаЖан-Пол Сартр
1967Карл МорРазбојнициФридрих Шилер
1968ЏорџКој се плаши од Вирџинија Вулф?Едвард Олби
1969Драшко КаровскиЧекор до есентаТоме Арсовски
1970ОтелоОтелоВилијам Шекспир
1972АстровВујко ВањаАнтон Павлович Чехов
1976АлијаЕлена ЌетковиќАлександар Поповиќ
1977КрстеВреме за пеењеПетре М. Андреевски
1979НовакКамен за под главаМилица Новковиќ
1980МуринаСвечена вечера во погребното претпријатиеИво Брешан
Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1961Мирно лето ТВ-филм/
1968Волтер Мити од Лисиче ТВ-филм/
1969Републиката во пламен ТВ-филм/
1970Цената на градот ТВ-филмЏовани
1971Македонски дел од пеколот ТВ-филм/
1971Понижени и навредени ТВ-филм/
1971Мува ТВ-филм/
1972Табакерата ТВ-филм/
1973Смилевскиот конгрес ТВ-филмЃорѓи Чуран
1974Брачна понуда ТВ-филм/
1975Простодушна љубов ТВ-филмЈане
1979Курирот на Гоце ТВ-серијаТаушан
1979Наши години ТВ-серија/
1980Учителот ТВ-филм
1981Булки крај шините ТВ-серија
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серија
1984Другарувања ТВ-серија
1985Трговецот од Солун ТВ-филм
1987Ѕвездите на 42-та ТВ-филм
1991Тетовирање ТВ-филм

Награди и признанија[2]

  • Повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
  • Награда за животно дело на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1986 година.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads