Тетовирање (филм)

филм From Wikipedia, the free encyclopedia

Тетовирање (филм)
Remove ads

Тетовирањемакедонски драмски филм од 1991 година, режиран од Столе Попов. Главните улоги ги толкувале: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михајловски, Кирил Поп Христов, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Александар Чамински, Ванчо Петрушевски, Ѓорѓи Колозов, Петре Арсовски, Данчо Чевревски, Благоја Чоревски, Младен Крстевски, Стево Спасовски, Милица Стојанова, Шишман Ангеловски, Лиле Георгиева и Александар Шехтански во главните улоги.[1] За овој филм, Столе Попов бил награден со наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег Нови во 1991 година, во категоријата за најдобра режија.[1] Неслужбено, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар, но не бил прифатен од Академијата.[2]

Remove ads

Содржина

Дејството на филмот се одвива во летото 1989 година и го следи животот на работникот Илија (го игра Мето Јовановски), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во судир со службените сили што го „штитат“ поредокот односно комунистичкиот режим во распад. По една караница со сопругата (ја игра Љиљана Меѓеши) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.[1] Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во Истражниот затвор, каде е подложен на „усно и физичко мачење“.[1] Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските злосторници и иако дел од една истражна постапка која непрестајно е одолговлекувана, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат.

Во меѓувреме, по еден од судирите, борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо (го игра Александар Чамински) — кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите — обвинет е за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. „Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на постапката.“[1] Сепак, еден ден, Илија е вовлечен во бегството на затвореникот Змија (го игра Јовица Михајловски) и, при тоа, убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус — истетовирана на неговите гради.

Remove ads

Улоги

Глумец Улога
Мето Јовановски Илко
Лилјана Медјеси Жената на Илко
Столе Аранѓеловиќ Мајстор
Светозар Цветковиќ Нускало
Петре Арсовски Командирот
Јовица Михајловски Боле Змија
Александар Шехтански
Ѓорѓи Колозов Лале
Младен Крстевски Сибрат
Милица Стојанова Мара
Благоја Чоревски Батко Доктор
Стево Спасовски Професорот
Мите Грозданов Затвореник
Нино Леви
Ванчо Петрушевски Жика
Данчо Чевревски Кифла
Александар Чамински Љубо манијак
Кирил Ристоски Управникот
Заим Музаферија Јордан
Благоја Спиркоски-Џумерко Стражарот
Ѓокица Лукаревски Полицаец
Шишман Ангеловски Бербер
Илко Стефановски
Сабина Ајрула-Тозија
Ѓорѓи Јолевски Гркот
Кирил Поп Христов Исус
Александар Ѓорчев
Ѓорѓи Тодоровски Полицаец
Кирил Гравчев
Мустафа Јашар
Лиле Георгиева Старата продавачка
Атила Клинче
Владимир Јачев Полицаец
Предраг Павловски
Remove ads

Реакции и награди

Реакции

„Тетовирање“ зборува за беспрекорноста на функционирањето на апсурдот, репресијата и насилството[1] и е еден од најпопуларните македонски филмови кога и да е снимени. Роберт Алаѓозовски, во својот есеј „Маргиналните слоеви и поновиот македонски филм“, дава позитивен оглед на филмот велејќи дека „стремејќи се кон една кафкијанска атмосфера и кон еден бекетовски апсурд, дејствието во филмот се интензивира и згуснува, преминувајќи час врз судбината на главниот лик час врз преостанатите, мешајќи ситуации на комични гегови, разуздан гнев и апсурдни чинови, а сето тоа надополнувајќи го со документаристичка веродостојност и издржана метафорика, при што некои ситуации се директна пародија на востоличени филмски клишеа, како што е смртта на главниот јунак“.[3] Денес, „Тетовирање“ има култен статус, а истовремено низа реплики од филмот во изминативе децении се станати дел од вокабуларот на помладите генерации.[се бара извор]

Награди

Филмот и екипата што учествува во неговата реализација се добитници на низа награди:[4]

Белешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads