Његошев мавзолеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Његошев мавзолеј се наоѓа во националниот парк Ловќен, на Езерскиот Врв (1.657 m), втор по височина врв на планината Ловќен. Посветен му е на Петар II Петровиќ - Његош. Подигнат е по замисла на хрватскиот вајар Иван Мештровиќ. Од Цетиње до мавзолејот води асфалтен пат во должина од 21 км. До мавзолејот водат скали со 461 скалило,[1] кои проаѓаат низ тунел пробиен во масивот на Ловќен.

Мавзолејот е подигнат на место на кое претходно се наоѓала капела – Његошевата заветна црква која околу 1845 година за време на животот ја подигнал Његош во слава на Свети Петар Цетињски, со желба да биде погребан во неа. Црквата е гранатирана во двете светски војни за да конечно биде срушена во 1974 година, и покрај спротивставувањето на Митрополијата и православните верници, и на нејзиното место е подигнат денешниот мавзолеј.

Remove ads
Историја
Стара капела - Његошевата заветна црква
Старата капела, Његошевата заветна црква се наоѓала на Езерскиот Врв, на планината Ловќен. Црквата-капела, посветена на Свети Петар Цетињски, ја подигнал по своја замисла Петар II Петровиќ - Његош, во 1845 година, со желба да биде погребан во неа. Поради стравот дека Турците би можеле да го осквернават гробот, Његош сепак бил погребан во Цетињскиот манастир, за да на 27 август 1855 година неговите коски бидат пренесени на Ловќен.[2][3] Аманетот во неа и да почива го исполнил кнезот Данило, изнесувајќи ги со највидните Црногорци Његошевите посмртни остатоци на Езерскиот Врв. Езерскиот Врв бил мета прво на Турците, а потоа и во текот на Првата светска војна, кога во 1916 година австроунгарската војска ја срамнила капеличката до земја,[4] бомбардирајќи ја од Бококоторскиот Залив. По војната црквата е обновена и повторно е осветена на 12 септември 1925 година. Капелата е срушена во 1972 година, за да на нејзиното место во 1974 година биде подигнат денешниот Његошев мавзолеј.
- Оригинална Његошевата заветна црква
- Црногорци пред капелата (1914)
- Рушевини нс старата капеле на Ловќен (1924)
- Обновената капела (1930)
- Реплика на Његошевата заветна црква во манастирот Богоштица
Изградба на мавзолејот
- Његошевиот мавзолеј на Езерскиот врв
- Тунел кон Езерскиот Врв
- Видиковец гувно
- Детаљ од предворието
Remove ads
Поврзано
- Народен музеј на Црна Гора
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads