Албанско-грчка граница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Албанско-грчка граница (грчки: Σύνορα Αλβανίας-Ελλάδας; албански: Kufiri Greko-Shqiptar) — државна граница помеѓу Албанија и Грција. Нејзината должина изнесува 282 километри, од кои 254 км на копно и 27 км по вода.

Thumb

Географски особености

Границата почнува од тромеѓата во средината на Преспанското Езеро, каде се среќаваат Македонија, Грција и Албанија. Потоа оди во начелно југозападен правец до Неправиште, каде потоа свртува на југоисток до Косовица и повторно продоложува во на југозападен правец и завршува во Крфскиот Теснец, крај истоимениот остров во Грција.[1]

Remove ads

Гранични премини

Thumb
Граничниот премин Какавија-Арништа

Патни премини

Повеќе информации Албански пункт, Област ...
Remove ads

Населени места

Следува список на пограничните места од југ кон север.

Повеќе информации АЛБАНИЈА, ГРЦИЈА ...

Историја

Thumb
Американска карта на границата од 1971 г.

Прва балканска војна

Согласно Лондонскиот договор од 1913 година, со кој завршила Првата балканска војна (1912 - 1913), решавањето на статусот на новата држава Албанија и определувањето на нејзините граници биле одложени за подоцнежна одлука на Големите сили соочени со притисок од победниците во војната, Грција, Србија и Црна Гора.[2] Во декември 1913 година, завршила работата на Комисијата за јужноалбанската граница, но конечното определување и поставување на границата било одложено со започнувањето на Првата светска војна во 1914 г.[3]

Конференцијата на амбасадорите на 9 ноември 1921 година, под јурисдикција на Париската мировна конференција, ја потврдила, со одредени измени, границата предложена со Лондонската амбасадорска конференција (1912 - 1913). Меѓународната гранична комисија составена од Франција, Обединетото Кралство и Италија ја започнала демаркацијата во 1922 година, а ја завршила 3 години подоцна во 1925 г. Конечниот чин на разграничување го потпишале Велика Британија, Франција, Италија, Грција и Југославија во Париз на 30 јули 1926 г. Следниот опис-предлог за границата бил претставен од страна на Меѓународната гранична комисија во 1925 година, признаен од Грција и Албанија. Нејзини потпишувачи биле Митхад Фрашери од албанска и Христос Аврамидис од грчка страна.[3]

Втора светска војна и Грчка граѓанска војна

Со италијанската окупација на Албанија, на 28 октомври 1940 г. започнала Грчко-италијанската војна со обид на целосна окупација на сојузничка Грција од страна на италијанските фашистички сили, почнувајќи од албанско-грчката граница. Меѓутоа, со вмешаноста на нацистичка Германија и операцијата Марита, земјата целосно била окупирана од Силите на Оската.[4] За време на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949), на 24-29 август 1949 г. на пограничната планина Грамошта се случила решителната Битка на Грамошта, каде со помош од американски и британски сили и напалм-бомби е поразена Демократската армија на Грција (ДАГ).[5]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads