Албирео

повеќеѕвезден систем во соѕвездието Лебед From Wikipedia, the free encyclopedia

Албирео
Remove ads

Албиреодвоѕвезда со ознаката Бета Лебед (β Лебед, β Cygni, β Cyg) во соѕвездието Лебед. Албирео е всушност називот на посјајната ѕвезда од овој двоец.[19] Иако е означена како бета и е послаба од Гама Лебед, Делта Лебед и Епсилон Лебед, ова е петта точка по сјајност во соѕвездието Лебед. Гледајќи со голо око, изгледа како една ѕвезда со величина од 3, но дводелноста се забележува дури и со слаб телескоп. Посјајната жолта ѕвезда (која впрочем самата е мошне близок двоен систем) е силно спротивставена по боја со послабата сина придружничка.[20]

Кратки факти Особености, {{{компонента}}} ...
Remove ads

Именување

Бета Лебед (β Cygni, Beta Cygni) е Бајеровата ознака на системот. Посјајната од двете составници се означува како β¹ Лебед (β¹ Cygni) или Бета Лебед A, а послабата е β² Лебед (β² Cygni) или Бета Лебед B.

Во 2016 г. Меѓународниот астрономски сојуз приредил работна група за ѕвездени имиња (WGSN)[21] со цел да ги каталогизира и снтадардизира имињата на ѕвездите. Во првиот билтен од јули истата година[22] е објавено дела Албирео се прогласува за име на β¹ Лебед и сега е нејзиното официјално име.[19]

Во средновековието, арапските астрономи ја нарекувале (منقار الدجاجة, „минкар ел-деџаџа“), што значи кокошкин клун.[23] Како таква се јавува во каталогот на египетскиот астроном ел-Ахаси ел-Муакет, подоцна преведено на латински латински како Rostrum Gallinae, со истото значење.[24]

Друг назив за ѕвездата е „клунова ѕвезда“ бидејќи се наоѓа на главата на соѕвездието кое има облик на лебед.[25] Заедно со Денеб, Гама Лебед (Садр), Делта Лебед и Епсилон Лебед (Џена) го образуваат астеризмот наречен Северен Крст.[26]

Remove ads

Особини

Thumb
Албирео A и B

Бета Лебед е оддалечена на 415 сг (127 пс) од Сонцето. Гледајќи без помагала, Албирео изгледа на единечна ѕвезда, но било кој телескоп ја покажува како двоѕвезда од β Лебед A (килибарна, привидна величина 3,1) и β Лебед B (синозелена, привидна величина 5,1).[27] Овие две составници се одделени 35 лачни секунди,[16] една од друга, и даваат најдобра слика за разликата на спарените ѕвезди на небото поради нивните мошне различни бои.

Не е познато дали составниците β Лебед A и B кружат една околоу друга во физички двоен систем, или пак се работи за оптички двоец. Доколку се физички врзани, тогаш имаат орбитален период од барем 100.000 години.[27] Меѓутоа, некои стручњаци ја сметаат просто за оптички двоец поради набљудувањата од кои се гледа дека имаат различни сопствени движења, што значи дека не се поврзани.[28] Исто така, мисијата „Хипаркос“ има утврдено дека главната и споредната ѕвезда се на различни растојанија — 434 ± 20 сг (133 ± 6 пс) за главната и 401 ± 13 сг (123 ± 4 пс) за споредната.[9] Во поново време, мисијата „Гаја“ измерила далечини од 330–390 светлосни години (100–120 парсеци) за двете составници, но нивната поврзаност не е со сигурност позната поради шумот при мерењето.[29]

Постојат уште 10 слаби придружнички наведени во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди — сите со сјајност послаба од 10. Само една е поблиска до главната од Албирео B, а останатите се на растојание до 142".[11]

Албирео A

Спектарот на Бета Лебед A е утврден како повеќеделен во набљудувањето на Спомен-проектот „Хенри Дрејпер“ на крајот од XIX век, поради што се претпоставило дека самата A е двоец.[30] Во прилог на ова се и набљудувањата од 1898 и 1918 г. со кои се покажало дека има колеблива радијална брзина.[31] Во 1923 г. во каталогот „Хенри Дрејпер“ се заведени две составници, како HD 183912 односно HD 183913.[32][33]

Во 1978 г. во Горнопровансалската опсерваторија е употребен телескоп со пречник од 1,93 м и извршена е дамчеста спектрометрија, со што придружничката е разделена за 0,125". Ова наоѓање е објавено во 1980 г.,[34] а придружничката ја добила ознаката Ab во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди.[11]

Во 1976 г. придружната ѕвезда е нагледно раздвоена во Националната опсерваторија „Кит Пик“ користејќи дамчеста интерферометрија со телескоп од 2,1 м во пречник. Измерени се при одделеност од 0,44", и забележано е дека виденото не одговара на утврденото во Горнопровансалската опсерваторија и затоа не се работи за истата ѕвезда.[18][35] Иако овие набљудувања се направени пред горнопровансалските, објавени се дури во 1982 г. и составницата е означена како Ac во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди.[11] Ја носи ознаката C во Каталогот на составници на двојни и повеќекратни ѕвезди,[36] што е различно од составницата C збележана во Вашингтонскиот каталог на двоѕвезди, која се однесува на бледа оптичка придружничка.[11] Подоцна е пресметана орбитата за овој пар служејќи се со интерферометриски мерења, но износот е само една четвртина од забележаната орбита, што значи дека орбиталните параметри треба да се сметаат за привремено важечки. Периодот на оваа орбита изнесувал 214 години.[18]

Статусот на двете можни придружнички сè уште не е целосно разјаснет.[37] При едно набљудување двете составници се одвај разложени, но и ова не е потврдено.[38] Претпоставувајќи повеќеделен спектар, набљудувањата даваат спектрален тип B во доцна фаза за придружничката,[39] нешто како B8.[6] Мерењата со адаптивна оптика најдобро се моделираат со B0V-спектар од придружната ѕвезда, со привидна величина од 5,85.[2] Различните претпоставки за спектралниот тип на придружничката даваат сосема различни физички својства; на пр. делотворната тепмература може да биде или 12.000 K или 30.000 K.[2][6]

Пречникот на главната џиновска ѕвезда типот K е измерен по пат на интерферометрија. Утврден е рамномерен диск од околу 4,5 млс со мерење на оптички близуинфрацрвени бранови должини, а пресметан е пречник на рабното затемнување од 4,834 млс, што е исто колку и полупречник од 69 R на растојание од 133 пс.[40]

Албирео B

β Лебед B е брзовртечка Be-ѕвезда со екваторска брзина од барем 250 км/с.[20] Нејзината површинска температура е спектроскопски проценета на 13.200 K.[14]

Се смета дека е во многу близок двоец,[37] но овие набљудувања подоцна се најдени за неисправни.[11]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads