Епсилон Лебед

ѕвезда во соѕвездието Лебед From Wikipedia, the free encyclopedia

Епсилон Лебед
Remove ads

Епсилон Лебед (ε Лебед, ε Cygni, ε Cyg) — повеќекратна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Со привидна величина од 2,48, лесно е видлива со голо око и се вбројува меѓу најсјајните ѕвезди од Лебед. Според паралаксата, Епсилон Лебед е оддалечена околу 73 светлосни години од Сонцето.

Кратки факти Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000, Соѕвездие ...

Системот има три составници: спектроскопска двојка (Епсилон Лебед A); оптичка придружничка (B) и единечна ѕвезда (C). Двете составници на A се нарекуваат Епсилон Лебед Aa (офиц. Џена или Алџана) и Ab.

Remove ads

Именување

ε Лебед (ε Cygni, Epsilon Cygni) е името на ѕвездата според Бајеровото означување. Трите составници се означени како Епсилон Лебед A, B и C, а составниците на AЕпсилон Лебед Aa и Ab, изведени од Вашингтонскиот каталог за повеќекратни ѕвезден системи (WMC), и усвоени од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС).[9]

Епсилон Лебед го носи традиционалното име Џена, од (арапски: جناح), ел-џена = „крило“.[10] Меѓутоа, ова име почесто се однесува на Гама Гавран.[7] За да се избегнат забуни, почесто се нарекува Џена Лебед (Gienah Cygni). Во 2016, Во 2016 г. МАС приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN)[11] со цел да ги каталогизира и стандардизира личните имиња на ѕвездите. Решено е да се даваат имиња само поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи.[12] На 30 јуни 2017 г. е одобрено името Алџана (Aljanah) за составницата Епсилон Лебед Aa, наспроти претходно воведеното Џена (Gienah) за Гама Кавран A од заседанието претходната година. Обете денес се официјални.[13]

На кинески во употреба е збирниот поим 天津 (Тјен ѓин), што значи Небесен Брод и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Епсилон Лебед, Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ни Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед и Зета Лебед.[14] Оттука, кинеското име на самата Епсилон Лебед е 天津九 (Тјен ѓин ѓу = „Деветта ѕвезда на Небесниот Брод“).[15]

Remove ads

Придружнички

Епсилон Лебед A има оптичка придружничка, Епсилон Лебед B, со која не е физички поврзана, како и кандидат за придружничка со заедничко сопствено движење од 13-та величина, Епсилон Лебед C, која е на аголна одвоеност од 78 лачни секунди.[16] Доколку таа ѕвезда е гравитациски врзана со Епсилон Лебед A, тогаш тие тековно би биле на растојание од 1700 ае или повеќе, и имаат орбитален период од барем 50.000 години.[6]

Remove ads

Особини

Составницата A е еднореден спектроскопска двојка.[17] Според увидената радијална брзина се заклучува можна придружничка со орбитален период од барем 15 години.[16] Претставува џиновска ѕвезда од класата K0 III.[18] Ова значи дека ѕвездата ја напуштила главната низа и навлегла во конечната фаза на својот развој. Делотворната температура на нејзината фотосфера изнесува 4.710 K, давајќи ѝ портокалов сјај својствен за ѕвездите од типот K.[19] Има речиси 11 пати поголем полупречник од Сонцето и 62 пати поголема сјајност.[5]

Почнувајќи од 1943 г. спектарот на Епсилон Лебед A служи како устојчиво поаѓалиште по кое се класификуваат другите ѕвезди.[20]

Превез

ε Лебед е сместена три степени северно од маглината Превез, која веројатно е прастар остаток од супернова. Самата маглина е многу пооддалечена од ѕвездата.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads