Ацо Видиков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Александар „Ацо" Видиков (15 октомври 1946 во Ваташа24 мај 2021 во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Кратки факти Ацо Видиков - Лавот, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Завршил основно образование во Ваташа, а гимназија во Кавадарци. Со актерство се занимава уште како гимназијалец со претставата "Ветки на љубовта", а за улогата на Методија добива специјална пофалница.[1] Потоа се запишал на правен факултет во Скопје, но судбината си поигрува со него, па наместо правник, останува актер. Имено запишувајќи III семестар на право тој се враќа во Кавадарци на викенд. Во меѓувреме театарот каде што тој беше аматер од 1964 година беше во припрема на нова премиера, која ја режираше тогашниот директор на домот И.Каров. Во претставата зема улога и Видиков, кој по некое време,1972 година, е примен на работа како актер, заедно со неговиот колега и соработник Данчо Бањански. Во неговата богата кариера има одиграно преку 100 премиери, од кои, шеесетина како главна улога. Има снимено неколку серии за МРТВ , Македонски народни приказни и сл.Има одиграно и три монодрами: "Чекајќи го Илко" , "Задоцнета серенада" и "Тутуле Бале" , сите три пишувани од неговата пријателка, писателката Мирјанка Селчанец. Покрај театарот и телевизијата има играно во неколку филмови како: "Крушевска Република", "Од зад грб" , "Републиката во пламен" , "Јуначко колено" и во неговиот првенец ,филмот "КАЦА".

Зад себе има оставено и неколку сценарија за играни филмови и серија Каца (1999), Лудомарини лакрдии (2005), Тиквешко востание (2013) и Женски итроштини (2014). Тој имаше подготвено и две сценарија за играни филмови, кој не успеа да ги излеализира.

Remove ads

Филмот Каца

Тој бил сценарист и главен лик на филмот „Каца“ . Комедија направена кога господ одеше по земјата, 1997 година. Јас како автор на филмот, случајно дојдов до идеја да го напишам ова сценарио. Седев во една кафеана, полудомаќинска, како што викаме на кавадаречки. Кафана во кој можеш да заиграш табла, карти,домино, да се напиеш нешто,да замезиш, итн. Газдата на таа кафана беше и сè уште е, Ќире Белевски. Неговиот татко Дане Белевски беше многу голем шегаџија и знаеше многу приказни. Многу настани од поблиското и подалечното минато на Кавадарци. Меѓу другото ми кажа еден вистинит случај од кавадаречкиот комарџијски живот, за прв пат се случило на комар изгубените пари,да му се вратат на тој што изгубил. Благодарејќи на чичко Дане, за прв пат во кавадарци се снима игран филм, за прв пат на екранот на киното "Балкан" се појавија скоро сите познати глумци како од Кавадарци, така и од цела Македонија,како: Ѓорѓи и Шенка Колозови, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Дади Ангеловски, Мите Грозданов, Лазар Бараков и се разбира глумците познати на кавадаречката јавност: Диме Коцевски, Данчо Бањански, Милица Гочевска, Васо Ангелов, Александар Малинков и други.

Филмот е режиран од Драган Велјановски, тон мајстор:Виктор Иванов-Чаир, Камерман:Бошко Ацевски, Светло:Иван Потевски-Балто.

Remove ads

Филмографија

Видиков ги остварил филмските улоги:[2]

Година Филм Улога
1982Едно лето ТВ-серијаТоварачот
1982Илинден ТВ-серија
1984Јуначко колено ТВ-серијаЃузбашијата
1985Од зад грб ТВ-филм
1991Еурека ТВ-серија
1993Македонски народни приказни ТВ-филм
1997-2000Македонски народни приказни ТВ-серија
1999Каца ТВ-филмПеро
2000Погрешно време ТВ-серијаКоле
2000-2003Македонски народни приказни ТВ-серија
2000Големи и мали ТВ-серијаСосед
2001Прашина ТВ-филмОвчар
2005Лудомарини лакардии ТВ-серија
2007Досие-К ТВ-филм
2010Царската е последна ТВ-филм
2010Македонски стари приказни ТВ-серија
2011-2013Македонски народни приказни ТВ-серија
2013Тиквешко востание ТВ-серија
2013Тврдокорни ТВ-серијаСеланец
2014Женски итроштини ТВ-филм

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads