Шенка Колозова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шенка Колозова
Remove ads

Шенка Колозова (Добрево, Пробиштипско, 1 февруари 1947 ) — македонска глумица, најпозната по улогите во телевизиската серија „Македонски народни приказни“,[1] заедно со својот сопруг Ѓорѓи Колозов.

Кратки факти Шенка Колозова, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште повеќе од 20 премиери со приватниот Театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски улоги на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај глумата, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.[2]

Таа своите пензионерски денови ги поминува во село Велестово, Охрид.

Remove ads

Театарски претстави

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1975Простодушна љубов ТВ-филм
1979Наши години ТВ-серија
1982Илинден ТВ-серија
1982Време на летала
1982Едно лето ТВ-серија
1984Јуначко колено ТВ-серија
1984Белото циганче ТВ-серија
1984-1985Македонски народни приказни ТВ-серија
1984-1985Легенди и преданија ТВ-серија
1985-1986Крале Марко јунак стана ТВ-серија
1986-1992Македонски народни приказни ТВ-серија
1987Случки од животот ТВ-серијаТинка
1987Македонски балади ТВ-серијаМајката
1987Чорбаџи Теодос ТВ-филм
1989-1991Тврдокорни ТВ-серија
1989Цвеќе на карпатаСекретарка
1989-1993Еурека ТВ-серијаФраугиза
1989-1991Трст виа Скопје ТВ-серијаМајката на Дино
1990-1991Опстанок ТВ-серијаТрајанка
1991Елелига пепелига ТВ-серија
1991Поштар ТВ-филм
1992Македонски народни приказни ТВ-серија
1992Последната Македонска елегија ТВ-филм
1993-1997Македонски народни приказни ТВ-серија
1994Прекалени ТВ-серија
1995Во светот на бајките ТВ-серија
1995Бус за Дус
1996Батко Гого нема пари ТВ-филм
1996-2001Во светот на бајките ТВ-серија
1998-2003Македонски народни приказни ТВ-серија
1999Каца ТВ-филмЖената
2000-2001Светот има осум страни ТВ-серија
2002Наше маало ТВ-серија
2006-2009Македонски народни приказни ТВ-серија
2007Досие-К ТВ-филмТетка Мара
2008Куќен совет ТВ-серија
2010Царската е последна ТВ-филмЦарицата
2010-2015Македонски народни приказни ТВ-серија
2014Женски итроштини ТВ-филм
2014-2017Македонски стари приказни ТВ-серија
2015-2016Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серијаБабата од селото
2017Ќе дојдат децата ТВ-филмВелика
2022Нема да бидеш сама ТВ-филмБилјана
2023-2025Македонски стари приказни ТВ-серија

Награди

  • Награда за актерско остварување на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за улогата на ликот Ен Дивер во претставата „Сите мои синови“ (1971)
  • Награда „Гран при“ (2006)
  • Награда „Св. Јоаким Осоговски“ (2012)
  • Награда „Почесен граѓанин“ на Општина Пробиштип (2017)
  • Награда за животно дело „Васил Иљоски“ на Фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово (2020)
  • Награда за животно дело за развој и афирмација на независна театарска сцена за Театар „Колозов“ (2021)
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads