Мите Грозданов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мите Грозданов
Remove ads

Мите Грозданов (роден на 14 декември 1943 во Струмица - 25 ноември 2018 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер.

Кратки факти Мите Грозданов, Роден(а) ...
Remove ads

Животопис

Веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград, станал дел од Драмскиот театар во Скопје, а една година подоцна, во 1968 година го добил највисокото театарско признание во ЈугославијаЗлатен ловоров венец“ за главната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле.

Во својата театарска дејност се истакнал со мошне сензибилна фактура, залагајќи се секогаш со максимална лична креативност и сценска еластичност. Своевремено, своите режисерски амбиции ги остварувал со драмските аматери на КУД „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Од декември 2008 година, тој станал пензионер, после деценискиот работен век во Драмскиот театар во Скопје. Еден од неговите најзначајни проекти е режирањето на претставата „Стрниште затвор за жени“, во која што главната улога ја играла глумицата Николина Василевска а во неа се појавила и доајенот на македонското глумиште Соња Каранџуловска.

Remove ads

Филмографија

Грозданов има остварено бројни филмски улоги:[1]

Повеќе информации Филмографија на глумецот Мите Грозданов, Год. ...
Remove ads

Награди

  • 1968 година „Златен Ловорев венец“ на Фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево (МЕСС) за насловната улога во претставата „Партитура за еден Мирон“ од Коле Чашуле
  • Награда „Млад Борец“
  • Награда на Театарски игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за улогите Светозар во „Карамазови“ и Иљо М. во „Сенката“
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице на "Екран"
  • Сребрена плакета на фестивалот на монодрамата за улогата во „Дрво на ридот“
  • 1984 година бил прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“
  • Награда "Ристо Шишков"
  • 2010 Награда за животно дело "Војдан Чернодрински"
  • 2016 година добива награда за најдобра машка улога во филмот "Борба за смрт" на фестивалот за драма во Грција

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads