Васо Ангелов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Васо Ангелов (р. 1938 во Ваташа16 септември 2019 [1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Кратки факти Роден, Починал ...

Последни негови настапи се во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.[2]

Remove ads

Животопис

Уште како ученик во основното училиште а подоцна и како средошколец се истакнувал со својот талент за глума. Во 1956 година станал член на Драмското студио при КУД "Кочо Рацин" во Скопје. Иако завршил средно трговско училиште, драмската уметност го привлекува повеќе од се друго. Во 1959 година станал член на Аматерскиот театар во Ваташа, а нешто подоцна во Кавадарци. Во 1963 година се вработил во Дом на култура во Кавадарци, најнапред како економ со задача да учествува како актер во драмските дела на Аматерскиот театар. Еден период Ангелов работел како раководител на Аматерскиот театар во Спомен домот 12 скоевци во Ваташа.[3]

Во својата богата кариера како актер учествувал во повеќе од 100 театарски драмски дела, а играл во повеќе од 500 претстави. Васо Ангелов играл и во неколку телевизиски серии, а како режисер поставил неколку претстави. Како актер освоил прва награда на Републичките драмски смотри во Штип 1962 година. Има добиено диплома за најдобра улога на смотрите во Битола 1968 г., во Кочани 1976 г. , а во 1979 година има освоено награда за најдобра улога на Југословенските смотри за аматери во Ваљево. Во 2010 година Ангелов е добитник на наградата 7 септември на општина Кавадарци.[3]

Последните негови настапи биле во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.[4]

Remove ads

Филмографија

Ангелов има остварено бројни филмски улоги:[5]

Година Филм Улога
1969Републиката во пламен ТВ-филм
1970А бре, Македонче ТВ-филм
1977Пресуда ТВ-филм
1977Малиот одред ТВ-филм
1979Жена од малтер ТВ-филмРаботник
1979Наши години ТВ-серијаЖелезничарот
1979Курирот на Гоце ТВ-серија
1982Илинден ТВ-серијаНепокор
1982Време на летала ТВ-филм
1982Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1984Јуначко колено ТВ-серијаТурски чауш
1985Од зад грб ТВ-филм
1986Солунски патрдии ТВ-серијаЗаптија
1986Трговецот од Солун ТВ-филмКочијашот
1989Кога меракот пее ТВ-серијаТаткото
1992Македонски народни приказни ТВ-серија
1993Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1999Каца ТВ-филмПадарот
2003Митке-Коштан-Гркљан ТВ-филмМитке
2013Тиквешко востание ТВ-серија
2014Женски итроштини ТВ-филм
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads