Александар Ростковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Ростковски
Remove ads

Александар Аркадјевич Ростковски (руски: Александр Аркадьевич Ростковский; 18 октомври 1860 во Одеса26 август 1903 во Битола) бил руски конзул и пријател на Крсте Петков Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец по потекло) во илинденските настани во Битола[1][2].

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Погребот на А. А. Ростовски и присуството на Мисирков.

Дипломатската кариера ја започнува како втор секретар во Бугарија, потоа како секретар и драгоман на руското генерално конзулство во Ерусалим, во Јанина и во Бејрут. Потоа Александар Ростковски ја продолжил кариерата како втор секретар во дипломатската агенција во Софија (18841885), вицеконзул во Бриндизи (1894–1895), вицеконзул и конзул во Битола (1895), извесно време го заменува рускиот конзул во Скопје (18991901) и до смртта останува во Битола.

Првпат се среќава со Мисирков на заедничкиот настап во руското географско друштво во Санкт Петербург на 18 декември 1897, а потоа во Битола како домашен учител на неговите деца (1902/03). Објавува статистичко-етнографски прегледи за населението во битолскиот (за 1897) и во солунскиот вилает, во кои Македонците ги третира не според црковната припадност, туку како православни Словени[3].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads