Александар Тишма

српски писател From Wikipedia, the free encyclopedia

Александар Тишма
Remove ads

Александар Тишма (16 јануари 1924, Хоргош — 15 февруари 2003, Нови Сад) - српски писател (прозаист, поет и драматург) и преведувач, член на Српската академија на науките и уметностите.

Thumb
Нови Сад во времето на детството на Тишма
Thumb
Зградата Матица Српска во Нови Сад

Животопис

Основното училиште и гимназијата ги завршил во Нови Сад, а во 1954 година дипломирал англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Белград.[1] За време на Втората светска војна се засолнил во Будимпешта.[2] Од 1945 до 1949 година работел како новинар во весниците „Слободна Војводина“ и „Борба“, а од 1949 до 1981 година бил уредник во Издавачкото претпријатие на Матица српска во Нови Сад. Исто така, од 1969 до 1973 година бил уредник на „Летописот на Матица српска“.[1] Во 1997 година работел како доцент на Универзитетот во Тибинген.[3] Тишма бил редовен член на Српската академија на науките и уметностите, како и на Академијата на уметностите во Берлин.[1]

Remove ads

Творештво

Александар Тишма пишувал романи, раскази, песни и драми, а се занимавал и со публицистика. Неговите дела се преведени на околу 20 јазици. Покрај со пишувањето, Тишма се занимавал и со преведување од унгарски и од германски јазик.[1]

Библиографија

Тишма е автор на следниве дела:[4] [5]

  • „Населен свет“ (Насељени свет, поезија, 1956)
  • Песни и записи“ (Песме и записи)
  • Дозволени игри“ (Дозвољене игре)
  • „Меана“ (Крчма, поезија, 1961)
  • „Вини“ (Кривице, раскази, 1961)
  • По црната девојка“ (За црном девојком, роман, 1963)
  • Насилство“ (Насиље, раскази, 1965)
  • На друго место“ (Другде, патепис, 1969)
  • Книга за Блам“ (Књига о Бламу, роман, 1972)
  • „Мртов агол“ (Мртви угао, раскази, 1973)
  • Употреба на човекот“ (Употреба човека, роман, 1976)
  • Враќање во мирот“ (Повратак миру, раскази, 1977)
  • Училиште за безбожништво“ (Школа безбожништва, 1978)
  • Без крик“ (Без крика)
  • Денот на одложувањето“ (Дан одлагања)
  • Бегалци“ (Бегунци)
  • Вери и завери“ (Вере и завере)
  • Капо
  • Широката врата“ (Широка врата)
  • Кои ги сакаме“ (Које волимо)
  • Писма
  • Женарник
  • Дневник 1942-2001“ (во два тома)
  • Sečaj se večkrat na vali
  • Околу својата оска“ (Око своје осе)
  • „Записи за книжевноста“ (во три тома)
  • „Што зборував“ (Шта сам говорио)
Remove ads

Награди и признанија

Тишма бил добитник на повеќе награди и признанија, како:[1]

  • Бранковата награда (1957)
  • Октомвриската награда на Нови Сад (1966)
  • Наградата на „Нолит“ (1977)
  • НИН-овата награда за роман на годината (1977)
  • Наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга (1978)
  • Наградата „Szirmai Károly“ (1977 и 1979)
  • Андриќевата награда (1979)
  • Наградата на Ослободувањето на Војводина (1982)
  • Наградата на Железарата Сисак (1984)
  • Седмојулската награда на СР Србија (1988)
  • Наградата за европски фељтон во Брно (1993)
  • Наградата на Лајпцишкиот саем на книгата (1996)
  • Државната награда на Австија за европска книжевност (1996)
  • Наградата на градот Палермо „Mondello“ (2000)
  • Наградата „Светозар Милетиќ“ за публицистика (2002)
  • Вуковата награда (посмртно, 2003)
  • Легија на честа на Република Франција

Значење и влијание

Во својот роман „Истражител“, српскиот писател Драган Великиќ го споменува Александар Тишма, опишувајќи го како „соголен, директен, дрзок“ со „шеретска насмевка“, чии зборови се остри и соголени до крај.[6]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads