Алчак

гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Алчакmap
Remove ads

Алчак (грчки: Χαμηλό, Хамило; до 1926 г. Αλτσάκ, Алцак[2]) — гевгелиско село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 92 жители (2021).

Кратки факти Алчак Χαμηλό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа околу 3 км југоисточно од Гевгелија и 4 км југозападно од граничниот премин Сехово (Идомени) во Р Македонија.[3] Лежи на североисточните падини на планината Пајак во областа Бојмија, на растојание од 26 км северно од гратчето Бојмица.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Алчак било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алџак (Aldjak) било село во Авретхисарската каза со 160 домаќинства од 455 жители муслимани.[4] Васил К’нчов во 1900 г. на ова подрачје забележал само неколку маала кои не се спомнуваат на друго место, од кои отсуствува селото Алчак.[5], додека пак Боривое Милоевиќ нешто подоцна правилно го завел со 50 турски куќи.[3]

Во Грција

По сила на Букурешкиот договор, во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е испуштено од пописот таа година. Селото било принудно иселено во Првата светска војна бидејќи, како погранично, низ него минувала фронтовата линија.[3] Во 1920 г. се заведени 144 жители. По сила на Лозанскиот договор во 1924 г. населението е иселено во Турција, а на негово место населиле грчки доселеници, како и едно македонско семејство од с. Моин преку границата. Во 1926 г. властите го преименувале во Хамило со значење ниско или тивко.[6] Со овие промени, во 1928 г. Алчак е заведено како наполно дојденско село 44 семејства од 125 жители — сите Грци дојденци[7][8] (занемарувајќи го едното македонско семејство). Во 1940 г. нивниот број пораснал на 283, но поради Грчката граѓанска војна и оскудноста на крајот, селото доживеало пад на 220 лица 1951 г.[3] Во 1961 г. се попишани 258 жители, но дошло до повторно намалување, со 154 лица во 1971 и 163 во 1981 и 140 жители во 1991 г.[3] Бројката останала релативно стабилна во 2001 г. кога се заведени 154 лица, за да опадне на 117 на следниот попис во 2011 г.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото е прилично пасивно, а населението се занимава со производство на тутун, жито и други земјоделски производи. Во помала мера застапено е и сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads