Сехово

гевгелиско село во денешниот Кукушки округ, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia

Сеховоmap
Remove ads

Сехово или Сеово (грчки: Ειδομένη, Идомени, до 1926 г. Σέχοβο, Сехово[2]) — село во Гевгелиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Населението брои 111 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се една половина од жителите.[3]

Кратки факти Сехово Ειδομένη, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на самата граница со Р Македонија, а на 20 км северно од градот Бојмица. Тука е граничниот премин Гевгелија - Сехово (Идомени) на железницата што води за Солун.

Историја

Во Отоманското Царство

Во судски спор од 1724 г. во кој се разгледувала жалбата на жителите на Кукушката каза против ајани, Сехово е претставено од неговиот кмет (или полномошник) Иван, син на Веселин.[4]

Во XIX век Сехово било македонско село во Кукушката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сеово (Seovo) било село во Кукушката (Авретхисарска) каза со 85 куќи сочинети од 394 жители Македонци.[5][6] По Руско-турската војна од 1877–78 г. народното училиште во Сехово е затворено лично од струмичкиот патријаршиски митрополит Агатангел Папагригоријадис.[7]

Во 1895–1896 г. во селото е основан комитет на ВМОРО.[8] Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сехово било село во Гевгелиската каза со 800 жители, сите Македонци.[5][10]

По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него проработела бугарската пропаганда.[11] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сехово (Sehovo) имало 1.120 Македонци под Егзархијата и работело бугарско училиште.[5][12]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Цеово имало 170 куќи на Македонци христијани.[13]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението се намалило на само 150 жители бидејќи во војните поголем дел од жителите избегале, и еден дел се прибрал во Гевгелија.[3] Сехово нстрадало и во Првата светска војна кога бугарските воени власти ги иселиле жителите во внатрешноста на Бугарија. По војната во селото се вратил само еден дел од жителите кои го обновиле.[3] Во 1920 г. како такво е заведено со 235 жители.[3] Во 1924 г. се иселило уште едно семејство во Бугарија, а грчката власт тука населила грчки колонисти, претежно од Источна Тракија.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во „Идомени“ по античкиот град Идомене, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[14] На пописот од 1928 г. Сехово се води како мешано староседелско-дојденско село со 532 жители, од кои 173 лица (49 семејства) биле грчки дојденци.[15]

За време на Граѓанската војна еден дел од Македонците се иселиле.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads