Андреј Гејм

From Wikipedia, the free encyclopedia

Андреј Гејм
Remove ads

Сер Андреј Гејм (руски: Андрей Константинович Гейм 21 октомври 1958 ) — советски а подоцна холандско-британски физичар кој работи на Манчестерскиот универзитет.[19] Гејм бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Константин Новоселов во 2010 година за нивната работа на графенот.[20][21] Тој е професор по физика истражен професор во Кралкото друштво при Манчестеровиот центар за мезонаука и нанотехнологија.[22][23][24][25][26][27][28]

Кратки факти Сер Андреј Гејм, Роден(а) ...
Remove ads

Образование

Андреј Гејм роден во Сочи на 21 октомври 1958 година од татко Константин Гејм и мајка Нина Бајер. Двајцата негови родители биле инженери со германско потекло.[29][30] Во 1965 година, семејството се преселило во Наљчик, Русија,[31] каде што се запишал во месното средно училиште.[31] По дипломирањето, тој се обидел да се запише на Московски институт за инженерска физика.[32] Тој ги полагал приемните испити двапати, но својот несупех да обезбеди место се должело според него на неговото германско етничко потекло.[29] Тој се обидел подоцна да се запише на Московскиот институт за физика и технологија (МИФТ), каде и бил примен. Тој изјавил дека во тој период не би избрал да студира физика ан цврста сосотојба, бидејќи повеќе претпочитал честична физика или астрофизика, но сепак денес е среќен со својот избор.[33] Тој се стекнал со диплома од инстиутот во 1982 година и докторат за физика на метлите во 1987 година од Институтот за физика на цврста материја и Руската академија на науките во Черноголовка.[33][34]

Remove ads

Академска кариера

По стекнувањето на докторатот под водство на Виктор Петрашов,[2] Гејм започнува да работи какко истражувач во Институтот за микроелектронска технологија, и од 1990 година како постдокторантски член на Нотингенски универзитет, Батскиот универзитет и Копенхагенскиот универзитет. Тој изјавил дека додека престојувал во Нотингем можел времето да го мине истражувајќи наместо да „плива низ советска меласа“,[29] и бил решен да ја напушти Русија.[35]

Тој својата прва работа ја добива во 1994 година, кога е назначен за помошник професор на Нијамегенскиот универзитет, каде работел на мезоскопска суперпроводливост.[36] Подоцна се стекнува со холандско државјанство. Еден од неговите докторанти во Нијамеген бил и Константин Новоселов, кој станал негов главен истражувачки партнер. Сепак, Гејм има изјавено дека му било непријатно за време на неговиот престој во Холандија. Му биле понудени професорски позиции во Нијмеген и Ајндховен, но ги одбил истите бидејќи холандскиот академски систем го сметал за прехиерархичен и исполнет со малограѓанштина. Како што вели „Ова може да биде мошне непријатно од време на врем.“ „Не е како британскиот систем каде секој член на персоналот има подеднакво значење.“”[35] Од друга страна, Гејм во својата изјава за Нобеловата награда има напишано „Во прилог, ситуацијата беше малку нереална бидејќи надвор од универзитетските ѕидови бев топло примен од сите околу мене, вклучувајќи ги тука и Јан Кис и останатите академици.“ [37]

Во 2001 година тој постанува професор по на Манчестерскиот универзитет, и бил назначен за директор на Манчестерскиот центар за мезонаука и нанотехнологија во 2002 година. Гејмовата сопруга и долгогодишен соавтор, Ирина Григориева, исто така се преселила во Манчестер како предавач во 2001 година. Истата година, им се придружува и Новоселов кој се доселува од Нијмеген во Манчестер без да го заврши својот докторат.[31] Гејм работи како Лангвортиев професор од 2007 до 2013 година, отстапувајќи го ова место на Новоселов во 2012 година.[34] Исто така, меѓу 2007 и 2010 година Гејм бил постар истражувачки член во Истражувачкиот совет за инженерство и физички науки, пред да стане член истражен професор на Кралското друштво.[34][38] Во 2010 година Нијамеганскиот универзитет го прогласува за професор за иновативни материјали и нанотехнологија со што се проширува неговиот долг список на хонорарни професорства.[39]

Remove ads

Истражување

Thumb
Графенот е саќеста решетка во атомски размер изградена од јаглеродни атоми.

Гејмовите постигнувања го вклучуваат и откривањето на едноставен метод за издвојување на атомските слоеви на графитот, познати како графен, во соработка со истражувачите на Манчестерскиот универзитет[40] и ИМТ. Екипата ги обајвила своите наоди во октомври 2004 година во Science.[41][42][43]

Графенот се состои од едноатомски дебели слоеви на јаглеродни атоми подредени во дводимензионални хексагони,[44][45] и е воедно најтенкиот материјал во светот, како и еден од најцврстите и најасилните.[46] Материјалот имал многу потенцијални примени и се смета дека е надмоќна замена за силициумот.[47]

Гејм изјавил дека една од првите примени на гравенот може да биде развојот на флексибилни допирни екрани, и дека не го патентирал материјалот бидејќи му требала специјална намена и индустриски партнер.[48]

Thumb
„Спајдерменов тест“ на геконската лента[15]

Гејм бил вклучен и во развојот на биомиметички премаз кој станал познат како геконска лента[15] наречен поради својата лепливост слична на онаа кај стапалата на геконите истражување кое е сè уште во рана фаза.[49] Се верува дека ова откритие крајно ќе дозволи луѓето да се искачуваат по таваните, на начин сличен на оној на Спајдермен.[50]

Гејмовите истражувања во 1997 за можните ефекти на магнетизмот на водата доведоа до познатото откритие на директната дијамагнетна левитација на водата, а тоа пак довело до левитирањето на жаба.[51] За овој експеримент, тој и Мајкл Бери ја добиле ИгНобеловата награда во 2000 година.[14] „Прво не прашаа дали имаме смелост да ја примиме оваа награда, и јас се гордеам со нашата смисла за хумор и самоисмевање“.[29]

Гејм исто така спроведувал истражувања во полето на мезоскопската физика и суперпроводливоста.[35][52]

Тој изјавил дека голем дел од неговите истражувања: „Многу луѓе избраа тема за нивниот докторат и продолжиле да се занимаваат со тоа сè додека не се пензионираат. Јас го презирам овој пристап. Јас го сменив моето поле на истражување петпати пред да ја добијам мојата позиција која ми помогна да научам повеќе различни предмети.“[33]

Гејмовото истражување е финансирано од Истражниот совет за инженерство и физички науки.[38][53]

Го укажал неговиот омилен ’рчко Тиша под името „Х.А.М.С. тер Тиша“ како соавтор на трудот од 2001 година.[41][54]

Remove ads

Почести и награди

Thumb
Жива магнетнолебдечка жаба, експеримент кој на Гејм и на Мајкл Бери им ја донел ИгНобеловата награда во 2000 година.

Гејм ја поделил ИгНобеловата награда за физика со Мајкл Бери за жабиниот експеримент.[55] Во 2006 година тој се појавува во бројот 50 на списанието ''Scientific American''.[56] Институтот за физика го наградува во 2007 година соМотов медал „за неговото откритие на нова класа на материјали-слободностоечки дводимензионални кристали во определен графен“.[57] Во 2007 година исто така е избран за член на Кралскоto друштво.[58]

Тој ја подели Еврофизичката награда за физика од 2008 година со Новоселов „за откривањето и изолирањето на единствен единичен атомски слој на јаглероден (графен) и откривањето на негвите неверојатни електронски својства“.[59] Во 2009 година ја добива Корберовата награда.[60] Американската национална академија на науките го почестила со Картиевата награда во 2010 година „за неговите експерименти со графенот и испитувањето на истиот како и неговиот дводимензионален облик“.[61] Тој бил награден со еден од шестте истраќувачки порофесорки позиции од Кралското друштво во 2010 година.[62] Кралското друштво во 2010 година му го доделува и Хјуовиот медал „за неговото револуционерно откритие на графенот и разоткривањето на неговите неверојатни својства“.[63] Тој се стекнал и со почесни докторати од Делфтовиот универзитет за технологија,[64] Цирих,[39] Антверпенскиот универзитет[65] и Манчестерскиот универзитет. Во 2010 година, гејм бил назначен за Витез-заповедник на Редот на Холандскиот лав за неговиот придонес во холандската наука.[66] Геј станал и Витез-бакалауреат во 2012 година за неговата служба на науката.[67][68] Тој бил избран и за странски соработник на Американската национална академија на науките во мај 2012 година[69] воедно награден е со Коплиев медал во 2013 година.

Нобелова награда за физика

На 5 октомври 2010 година, Гејм бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Новоселов „за важните експерименти во однос на дводимензионалниот материјал графен“.[70] По дознавањето за наградата тој изјавил, „Јас сум добро, спиев добро. Не ја очекував Нобеловата награда оваа година“, и дека плановите за престојниот ден не му се смениле.[71] Говорот за наградата се одржал на 8 демеври 2010 година во Стокхолмскиот универзитет.[72] Тој изјавил дека се надева дека графенот и останатите дводимензионални кристали ќе го променат секојдневниот живот како што тоа го сторила пластиката за човештвото.[73] Колега на Гејм изјавил дека оваа награда покажува луѓето сè уште добиваат Нобелова награда со „mucking about in a lab“.[74] Со оваа анграда тој станал првиот научник кој добил како личност Нобелова и ИгНобелова награда.[75] За добивањето на Нобеловата и ИгНобеловата награда, тој изјавил дека

Искрено, јас ги ценам ИгНобеловата и Нобеловата награда подеднакво и за мене ИгНобеловата награда е доказ дека јас знам да прифатам шега, мало себеисмевање секогаш помага.[2]

Remove ads

Личен живот

Погледи и мислења

Гејм е еден од 38 добитници на Нобеловата награда кој ја потпишале декларацијата од Учителите за мир на средниот исток во 2010 година со што ги осудиле меѓународните обиди за бојкот на израелските академици, институции и истражни центри.[76]

На симпозиумот на Нобелови умови во декември 2010 година, Гејм изјавил дека комитетот за доделување на Нобеловата награда за мир и нивниот избор на кинескиот дисидент Љу Сјаобо како добитник на Нобеловата награда за мир било претерано, велејќи „Погледнете ги луѓето кои ја доделуваат оваа награда. Тие се пензионирани норвешки политичари кои целокупната своја кариера ја минале во безбедна средина, во современа земја богата со нафта. Тие се обидуваат да ги надметнат своите погледи ан светот, како треба истиот да функционира и како демократијата функционира во друга земја. Тоа е многу, многу, понижувачки - тие немаат живеено во овие земји. Во оследните 10 година Кина не се развила само економски, сигурно и најсилниот поборник за човекови права ќе се сложи дека и состојбата со човековите права е подобрена. Зашто ни е потребо да го искривуваме ова?“[77][78]

Гејм има напишано неколку текстови за списанието The Financial Times, текстови кои можат да се прочитаат на неговата универзитетска мрежна страница.[79]

Интервјуто на Гејм од страна на славната радио програма на ВВС Desert Island Disks, открива детали за неговиот личен живот и неговиот вкус за музика.[80]

Идентитет

Гејм има сложено потекло кое опишано детално во неговата Нобелова автобиографија.[29] Таму, Гејм има запишано дека поголемиот дел од неговото семејство се етнички германци неговиот татко потекнувал од Волгашките германци додека пак неговата мајка имала исто така германско потекло. И двата дедовци од мајчината и таковата страна поминале многу години од нивниот живот како затвореници во Сибир во Сталиновите Гулази, и „а додека пак друг дел од семејството било затворено во германските концентрациони логори“. Тој исто така запишал „дека страдал од антисемитизмот во Русија бидејќи неговото име звучело еврејски“.[81] Гејм својот идентитет го објаснува на следниве реченици. „Најдобро што знам, единствениот евреин во моето семејство била мојата пра-прабаба, додека остатокот од семејството од двете страни се германци. Бидејќи сум живеел и работел во повеќе европски земји, себеси се сметам за Европеец и не верувам дека е потребна понатамошна таксономија, особено во вака раздвижен свет како што е светот на науката.“[29][82][83]

Remove ads

Наводи

Дополнителна литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads