Андреј Докурчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Андреј Докурчев
Remove ads

Андреј Димков Докурчев или Андреа Димов со псевдоним Докурче[1] или Осман Бегович[2] ( 1878 , Велес - 11 октомври 1907 , Будинарци, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно двиежење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[3]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Андреј е роден во 1878 година во Велес, Македонија, тогаш во Отоманското Царство. Се школувал во Солун. Станал член на Организацијата во 1894 година, а со нелегален станал во 1896 година, кога се приклучил во четата на Андон Ќосето, а подоцна бил четник и при Михаил Апостолов[3] и Крсто Асенов.

Докурчев бил горноџумајски околиски војвода во 1901 година. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од кукушкото село Мурилово. Исто така, учествувал во аферата Мис Стон.[3]

За време на Илинденското востание бил војвода на првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и на 2-ри спроти 3-ти август, активно учествувал во ослободувањето на Крушево. Во таа прилика тој раководел со 14 востаници од Крушево и со 52-ца востаници од село Крушеани и Света, особено при завземањето на турскиот уќумат, поштенско-телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.[3]

За време на Илинденското востание учествувал во заштитата на Крушевската република, а по востанието повторно бил војвода во Горноџумајско во периодот 1904 - 1905 година.

Од следната 1906 година бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година во месноста Бел камен во близина на селото Будинарци, Малешевско.[4][5] Убиен е од заседа од страна на врховистите. Убиството го извршил арамијата Грушир по заповед на врховистите од Софија.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads