Антарктичка Плоча
тектонска плоча From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Антарктичка Плоча — тектонска плоча која го опфаќа Антарктикот, Кергеленската Висорамнина, некои оддалечени острови во Јужниот Океан и околните океани. По одвојувањето од Гондвана (јужниот дел на суперконтинентот Пангеја), Антарктичката Плоча почнала да го носи антарктичкиот континент во јужен правец, за да стаса на неговото денешно место каде има многу постудена клима.[1] Антарктичката Плоча речиси целосно се граничи со пространи системи на средноокеански гребени. Соседни плочи се Насканската, Јужноамериканската, Африканската, Сомалиската, Индоавстралиската, Тихоокеанската, и, преку трансформната граница, Скошанската.
Антарктичката Плоча зафаќа површина од 60.900.000 км2.[2] It is Earth's fifth-largest tectonic plate.
Се смета дека плочата се движи барем 1 см годишно кон Атлантскиот Океан.[3]
Remove ads
Подвлекување под Јужна Америка
Антарктичката Плоча почнала да се подвлекува под Јужна Америка во миоценот пред 14 милиони години. Најпрвин се подвлекла само под најјужниот крај на Патагонија, што значи дека Чилеанската Тројна била близу Магелановиот Проток. Со обземањето на Насканската Плоча и Чилеанскиот Гребен, посеверните краишта на Антарктичката Плоча почнале да се подвлекуваат под Патагонија, така што Чилеанската Тројна Точка денес се наоѓа пред полуостровот Тајтао на 46°15' СГШ.[4][5] Подвлекувањето на Антарктичката Плоча под Јужна Америка е одговорно за издигањето на Патагонија и облажување на претходно посилниот надолен тек на Земјиниот плашт предизвикан од подвлекувањето на Насканската Плоча под Патагонија. Динамичката топографија предизвикана од ова издигање подигнала квартарски морски тераси и плажи ширум атлантскиот брег на Патагонија.[5]
Remove ads
Надземни места на плочата
- остров Амстердам (Франција)
- Антарктик
- острови Крозе (Франција)
- острови Херд и Макдоналд (Австралија)
- остров Херд
- остров Макдоналд
- острови Кергелен (Франција)
- остров Петар I
- Острови на Принцот Едвард (ЈАР)
- остров Свети Павле (Франција)
- Јужни Оркниски Острови
- Јужни Шетландски Острови
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads