Лерински археолошки музеј

археолошки музеј во Лерин, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лерински археолошки музеј
Remove ads

Лерински археолошки музеј (грчки: Αρχαιολογικό Μουσείο Φλώρινας) — музеј на археологијата на Леринско и големопреспанскиот крај во градот Лерин, Егејска Македонија.[1][2]

Кратки факти Основан, Место ...
Remove ads

Историја

Музејот е сместен во двокатна зграда на Железничкиот плоштад, изградена во 1969 г. чија внатрешност е обновена во 1999 г. Во збирката има предмети од праисторијата, древномакедонско, римско и средновековно/византиско време. Во приземјето се праисториските поставки, претежно од ископувањата направени во 1997–98 г. во с. Арменово, но и од други места. Изложенио се керамички садови, секојдневни предмети, градежни материјали, камени и коскени сечила, алки од вретена и фигурини. Впечатлива е вилицата на мамут стар 200-500.000 години, откриена во с. Сотир. На приземјето се и надгробните стели од римско време од с. Баница (II - III век), Петерско (II век п.н.е.), Росен (III век), Високуќи (Виткуќ, денес во Албанија, 320 г. п.н.е.), статуи од Баница (машко торзо) и Елевиш (статуа на Артемида) и исклучителен поден мозаик од римска куќа кај Долно Клештино.[2]

На првиот кат се изложени древномакедонски наоди од Петерско и Пателе — сончев часовник, статуа на Артемида, земјоделски сечила и реконструкција на древномакедонска куќа со ѕидаријата, огништето, оставите и др.[2]

Застапени се и артефакти од византискиот и поствизантискиот период од Преспа, претежно од царската базилика „Св. Ахил“ на истоимениот остров (капители, проповедници, столбови), фрески од различни цркви, дел од резбана проповедница од „Св. Преображение“ во с. Кондороби и царските двери од црквата „Св. Атанасиј“ во Герман (XVI век).[2]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads