Елевиш

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Елевиш
Remove ads

Елевиш или Елеово (грчки: Λεβαία, Левеја; до 1988 г. Λακκιά[2], Лакија; до 1926 г. Έλλεβη, Елеви[3]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 919 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[4]

Кратки факти Елевиш Λεβαία, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во котлината Сариѓол, 2 км северно од Чалџиево и 6 км југоисточно од Суровичево.[4]

Историја

Во Ооманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 Елевиш (Elevich) е село во Џумалиската каза со 20 домаќинства и 48 жители Македонци,[5][6] што најверојатно е погрешно.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Елевиш:

Оттука [Чалџиево] на половина час на запад над езерото, исто така по Ларискиот пат, е сместено селото Елевеш со 150 муслимански куќи. Данокот на ова село е 17.900 пијастри.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Елевиш имал 700 жители Турци.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Елевиш се води како чисто турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 779 жители, кои во 1920 г. нараснале на 986.[4] Во 1920-тите по сила на Лозанскиот договор жителите се иселени во Турција, а на нивно место властите довеле грчки колонисти, претежно од Понд, Тракија и Мала Азија.[10]

Во 1926 г. е преименувано во Лакија, а во 1988 г. во Левеја.[10][11] Во 1928 г. Елевиш е заведено како наполно дојденско село со 973 жители од 232 семејства.[12] Во 1940 г. нивниот број се намалил на 883 поради преселувања во други села.[4] Во 1960-тите и 1970-тите имало уште иселувања од селото, поради што населението дополнително се намалило, за да се поврати на 1.022 лица во 1991 г.[4] Во следните десетлетија е забележано уште едно опаѓање и повторен повраток на бројот на жители.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Во селото се одгледува жито, леќа, и грозје, а делумно е застапено и говедарството.[4]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads