Хавајски Острови
архипелаг во Тихиот Океан From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хавајските Острови се архипелаг од 8 поголеми острови, неколку атоли, и голем број на мали островчиња и подводни планини кои се наоѓаат во северниот дел на Тихиот Океан. Целиот архипелаг се протега во должина од 2400 км од Хаваи (островот) на југ, до атолот Куре кој се наоѓа на најсеверниот дел од архипелагот. Порано оваа група на острови од Европејците и Американците била нарекувана Сендвич Острови (англ. Sandwich Islands). Името им било дадено од страна на Џејмс Кук, во чест на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич. Сегашното име на архипелагот Хаваи е име и на најголемиот остров на архипелагот.
Хавајската монархија била соборена во 1893 година од богатите европски и американски доселеници на островите.[1] Била воспоставена република, и покрај спротставувањето на поголемиот дел од хавајскиот народ.[2] Доселениците во 1898 година успешно се договриле со САД за анексија на островите.[3] Хавајските острови се прогласени за најмлада, 50–та држава на САД, и тука спаѓаат скоро сите острови на хавајскиот архипелаг, вклучувајќи ги и ненаселените Северозападни Хавајски Острови, освен Мидвејски Атол кој е неинкорпорирана територија на САД во склоп на Малите оддалечени острови на САД.
Хавајските острови се издигнати врвови на големиот подводен планински венец, кој бил формиран од вулканската активност на врелите точки на обвивката на Земјиното јадро. Островите се оддалечени 3000 км од најблиското копно.
Remove ads
Острови и гребени
Џејмс Кук дошол на островот на 18 јануари 1778 година и ги нарекол Сендвич острови, според името на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич, кој како прв лорд во Адмиралитетот[4] ја спонзорирал експедицијата на Кук. Ова име останало во употреба сѐ до 1840 година, кога постепено било заменето со локалното име Хаваи.[5]
Површината на целиот архипелаг изнесува 16636,5 км2, со исклучок на Мидвејскиот Атол.[6]
Главни острови
Архипелагот има осум големи острови, кои се нарекуваат уште и Хавајски ветровити острови. Сите острови се населени, освен островот Кахоолаве.[7]
Помали острови

Помали острови, атоли, и гребени (сите западно од Нихоа се ненаселени) се дел од Северозападните Хавајски Острови:
- Нихоа (Мокумана)
- Некер (Мокуманамана)
- Француски Фригат Шолс (Канемилохаи)
- Гарднер Пинаклс (Пухахону)
- Гребенот Маро (Налукакала)
- Лајсан (Кауо)
- Лисјански Остров (Папа апохо)
- Перл и Хермес Атол (Холоикауауа)
- Мидвејски Атол (Пихеману)
- Куре Атол (Мокупапапа)
Островчиња

Хавајските Острови бројат 137 острови во хавајскиот ланец. Во овој број се вклучени сите мали острови и островчиња, или многу мали острови, надвор од главните острови (наведени погоре) и поединечните островчиња на секој атол. Подолу се наброени само неколку:
- Форд Остров (Мокуумеуме)
- Лехуа
- Куала
- Каохикаипу
- Манана
- Моколеа
- На Мокулуа
- Молокини
- Моколии
- Моку Мана
- Моку Ола (Кокосови Острови, Хаваи)
- Моку о Лое (Кокосови Острови, Оаху)
- Песочен Остров
- Тревен Остров
Remove ads
Геологија
Овој синџир на острови е дел од Тихоокеанската Плоча, која се движи полека кон северозапад, преку врелите точки на обвивката на Земјиното јадро, со брзина од 51 км во милион години. Поради тоа југоисточните острови се вулкански активни, додека островите на северозападниот крај од архипелагот се геолошки постари и помали по површина, што се должи на нивната изложеност на ерозија. Староста на архипелагот е утврдена со користење на калиум-аргон методата.[18] Од ова мерење, и други слични,[19][20] било утврдено дека најсевероисточниот остров, атолот Куре, е најстар и има околу 28 милиони години, додека најјугоисточниот остров, Хаваи, е стар околу 400 000 години. Единствениот активен вулкан во последните 200 години, наречен Лоихи, се наоѓа на југоисточниот дел на островот Хаваи, и е под нивото на морето, но постојано се издигнува. Хавајската вуканска опсерваторија (англ., Hawaiian Volcano Observatory крат. HVO) на Геолошкиот топографски институт на САД (англ., United States Geological Survey, крат. USGS) комплетно ги документира скорешните вулкански активности и обезбедува слики и толкувања на вулканизмот. Вулканот Килауеја, на островот Хаваи, е континуирано активен од 1983 година.
Скоро целата магма од врелите точки е составена од базалт, така да хавајските вулкани се изградени скоро потполно од овој еруптивен материјал. Освен базалтот, во магмата има многу малку габро и долерит, а нефелинитот се наоѓа екстремно ретко. Најголем број на вулканските ерупции се типични Хавајски ерупции, каде лавата тече од отворот со релативно слаби ерупции.

Островот Хаваи (Големиот остров) — најголемиот и најмлад остров во веригата, а е изграден од пет вулкани. Мауна Лоа зазема околу половина од Големиот остров, и претставува најголемиот штитест вулкан на планетава. Висината, мерена од морското ниво до највисоката точка (врвот), изнесува повеќе од 4 километри; од морското ниво до океанското дно има уште дополнителни 5 километри.[21] Ако се игнорираат континенталните маси, Мауна Лоа би била највисокиот вулкан во Сончевиот Систем, бидејќи е 2 километри повисока од најголемиот вулкан на планетата Марс - Олимп.
Земјотреси
Хавајските Острови се сеизмички активно тло, со чести земјотреси, што се должи на вулканската активност. Повеќето од првите документации на земјотреси биле изведени на Хило, од мисионерите Тајтус Коен, Сара Џ. Лиман и нејзиното семејство. Од 1833 до 1896 година, биле пријавувани околу 4-5 земјотреси годишно.[22]
Од сите земјотреси со магнитуда поголема од 3,5 степени според Рихтеровата скала регистрирани во САД, во периодот од 1974 – 2003 година, 7,3% биле регистрирани на Хавајските Острови. Хавајските Острови се трето рангирана држава во САД по број на земјотреси веднаш по Калифорнија и Алјаска.[23]
На 15 октомври 2006 година, на северозападниот брег на островот Хаваи, блиску до Кона регионот, имало земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а пет минути по првиот следел втор потрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Биле забележани умерени оштетувања на големиот остров. На неколку поголеми автопати имало одрони од карпи, имало прекини на електричната струја со траење од неколку часа до неколку дена, но немало смртни случаи.
На 4 мај 2018 година имало земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во зоната на вулканската активност на Килауеја.
Земјотресите се мониторирани од страна на Хавајската вуканска опсерваторија на Геолошкиот топографски институт на САД.
Remove ads
Цунами

Хавајските Острови се често погодени од цунами, кои се предизвикани од земојотресите во Тихиот Океан. Создадените бранови можат да се движат со брзина од 600–800 км/ч и можат да разурнат крајбрежја со голема оддалеченост од епицентарот.
Цунамито може да потекнува и од самиот Хавајски Архипелаг, каде причината се експлозивните вулкански активности. На островот Молокај се случила катастрофална лавина пред повеќе од милион години; ова подводно лизгање на земјиштето најверојатно предизвикало цунами.
Најпогодената населба од цунамија на Големиот Остров е градот Хило, каде големите бранови дополнително се зајакнуваат како резултат на релјефот на заливот Хило. Сите крајбрежни градови на Хавајскиот Архипелаг имаат поставено предупредувачки сирени.
Цунамито кое било предизвикано од земојотресот во Чиле го погодило островот на 27 февруари 2010 година. Благодарение на современата технологија и навременото евакуирање на населението немало поголеми штети.
Цунамито предизвикано од земјотресот во Јапонија ги погодило островите на 11 март 2011 година, но и тогаш последиците биле минимални поради навремено преземените мерки. Штетата од цунамита била проценета на 30,1 милиони долари.[24]
Екологија
Островите се дом на многу ендемски видови. Првите луѓе кои се населиле на островите, Полинезијците, донеле со себе растенија и животни кои не се автохтони за островите. Во овие страни животински видови спаѓаат стаорците и свињите, кои предизвикале голема штета на автохтоните популации на птици и други животни и растенија. Зголемувањето на човечката популација, заедно со паралелното зголемено уништување на шумите и општо на средината, довело до изумирање на многу видови кои живееле или зависеле од шумскиот хабитат.
Доаѓањето на Европејците на островите имало уште поголемо негативно влијание, посебно поради воведувањето на земјоделството на големи површини и одгледувањето на добиток. За таа цел биле сечени шуми во огромни размери, па бројот на загрозените видови на организми драстично се зголемил. Денес постои список на сите животински видови на Хавајските Острови кои биле истребени.[25] Според податоците од 2009 година, многу од останатите ендемски видови се ставени во групата на загрозени видови.
Remove ads
Национални споменици
На 15 јуни 2006 година, претседателот на САД, Џ. В. Буш, го прогласил Северозападниот национален споменик на Хавајските Острови (англ. Papahānaumokuākea Marine National Monument) за заштитена зона. Со ова северозападните Хавајски Острови и околната морска површина е прогласена за најголем светски морски резерват на живиот свет.[26] Во август 2010 година, од комитетот при Обединетите нации за заштита на светското богатство, оваа област е ставена на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.[27][28][29] Претседателот на САД, Барак Обама, на 26 август 2016 година, со указ оваа површина ја зголемил за четири пати.[30][31]
Remove ads
Клима
Климата на Хавајските Острови е тропска, но може да има варијации кои зависат од географската широчина и времето.[32] Крајбрежните делови, посебно јужните и западните падини, се со посува клима.
Општо, пониските делови од островите се поврнежливи во зимскиот период (од октомври до април). Сувите периоди траат од мај до септември. Тропските бури, а понекогаш урагани, се најчести од јули до ноември.[32]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads