Ајдарли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ајдарлиmap
Remove ads

Ајдарли или Хајдарли (грчки: Βαπτιστής, Ваптистис, до 1927 Χαϊδαρλή, Хајдарли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Ајдарли Βαπτιστής, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 5 километри западно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 120 метри.

Ајдарли опфаќа површина од 17 квадратни километри[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ајдарли се состоело од 55 семејства и 146 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ајдарли имало 80 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 96 Македонци[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било напуштено, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 7 жители. Во селото во 1922 година било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Ваптистис.[8]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 443 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 656 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 737 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 756 жители, во 1971 година имало 598 жители, во 1981 година имало 544 жители, додека во 1991 година имало 535 жители[10]. Денеска, населението на селото е 449 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

Родени во Ајдарли
  • Стојан Димитров (? - 7 ноември 1912)[11]
  • Христо Наков (1890 - ?)[12]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads