Шонски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шона (chiShona) или шонски јазик— јазик од семејството на банту-јазици на кој говори народот Шона во Зимбабве и јужна Замбија; поимот ги опфаќа и народите што ги говорат дијалектите на шона: зезуру, каранга, мањика, ндау и корекоре (некои стручњаци го вбројуваат и каланга, но други го сметаат за посебен јазик). Шона е главен јазик во Зимбабве, заедно со ндебеле и англискиот, кој е деловен јазик. Јазикот шона го зборува голем дел од населението на Зимбабве. Застапен е и во Замбија, Боцвана и Мозамбик.
Од сите банту-јазици, шона има највеќе говорници како мајчин јазик. Според Ethnologue,[1] Доколку ги вброиме дијалектите каранта, зезуру и корекоре, шона има 10,8 говорници. Дијалектите мањика и ндау[2][3][4] кои на Ethnologue се наведени посебно,[5] имаат по 1.025.000[6] и 2.380.000 говорници[7]. Тоа значи дека вкупната бројка на говорници на шона изнесува 14,2 милиони луѓе. Зулу е втор најзастапен банту-јазик со 10,3 милиони говорници.[8]
Шона е пишан литературен јазик со свој правопис и граматика, кодификуван во почетокот на XX век, а стандардизиран во 1950-тите. Првиот роман на шона е „Фесо“ од писателот Соломон Муцваиро, објавен во 1957. Шона се предава во училиштата, но само во јазичната настава, а не како општ јазик на наставата по сите предмети. Има своја книжевност и еднојазични и двојазични речници (претежно шона – англиски). Литературниот јазик се заснова на дијалектот што го говори народот Каранга во покраината Масвинго, подрачјето околу Големото Зимбабве, и народот Зезуру во централно и северно Зимбабве. Меѓутоа сите дијалекти на шона се сметаат за еднакво значајни и затоа се предаваат во локалните училишта.
Според Гатриевата зонска класификација на банту-јазиците, зоната S10 означува дијалектен континуум на вариетети во потесно сродство. Тука спаѓа самиот јазик шона, заедно со мањика, намбија и ндау (во Зимбабве и централен Мозамбик), тавара и теве (во Мозамбик) и каланга (во Боцвана и западно Зимбабве).
Remove ads
Дијалекти
Постојат многу разни дијалекти на шона, но признаен е и стандарден. Според информациите од Ethnologue, тоа се следниве:
- хвеса
- каранга (чикаранга). Се говори во јужно зимбабве, близу Масвинго.
- Поддијалекти: дума, џена, мари, нгова, венда, њуби, говера.
- зезуру (чизезуру, базезуру, базузура, мазизуру, вазезуру). Се говори во Машоналенд and и централно Зимбабве, близу градот Хараре. Ова е литературниот јазик.
- Поддијалекти: шаваша, гова, мбире, цунга, качикваква, харава, нохве, нџанџа, нобву, лвазвимба (зимба).
- корекоре (севеношонски, гоба, гоба, шангве). Се говори во северно Зимбабве, близу Мвурви.
- Поддијалекти: будја, гова, танде, тавара, њонгве, пфунде, шангве.
Јазиците со делумна сличност на шона, а чиишто говорници етнички припаѓаат на народот Шона, се ндау, (во Мозамбик и Зимбабве) и мањика, (во источно Зимбабве, близу Мутаре).
Сите слогови завршуваат на самогласка. Согласките секогаш му припаѓаат на следниот слог. На пример, mangwanani („утро“) се дели вака: ma/ngwa/na/ni; Зимбабве би било Zi/mba/bwe.
Сите глаголи завршуваат на -a:
|
|
Петте самогласки во јазикот (a, e, i, o, u) се изговараат исто како на македонски: Предлошка:IPA-sn. Секоја се изговара посебно, дури и ако стојат една по друга, пак, како во македонскиот..
Азбуката се состои од следниве букви:
Диграфите ps и bz се изговараат како /ps͎/ и /bz͎/, а mbw е /mbɡ/.
Свиркави шушкави согласки
Шона и други јазици во јужна и источна Африка имаат шушкави гласови (шушкави сибиланти), за разлика од останатите јазици, каде свиркањето е знак на говорна мана.
Шушкавите гласови во шона се струјните „sv“ и „zv“ и слеаните „tsv“ и „dzv“.
Свиркавите шушкави согласки поттикнале интерес кај западната јавност и медиуми во 2006, прашувајќи се како правилно се изговара Морган Цвангираи, водачот на Движењето за демократски промени. Единицата за изговор на БиБиСи го препорачува изговорот „чангираји“ (chang-girr-ayi).[9]
Remove ads
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads