Барбарос

поранешно село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Барбаросmap
Remove ads

Барбарос (познато и како Барбарас) — поранешно село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото повеќе не постои, а од него се останати само остатоци.

Кратки факти

Селото се наоѓало близу месноста Барбарос, кај истоимениот превој на патот Македонски Брод-Прилеп, при преминот од Порече кон Прилепското Поле.

Remove ads

Историја

Во XIX век, Барбарос било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со 25 христијани (Македонци).[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Барбарос имало 62 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барбарос имало 40 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Барбарос се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[6]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[7]
  • Кула — населба и кастел од средниот век;

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads