Бања (Населичко)
село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бања (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви; до 1927 г. Μπάνια, Бања[1])— поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Горуша во областа Западна Македонија, Грција.
За други значења на поимот, погл. Бања (појаснување).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓало во областа Населица, 15 км југозападно од градот Лапчишта и околу 10 км западно од Цотил.
Историја
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бања живееле 55 Грци.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бања (Bania) има 55 Грци под патријаршијата. Според грчка статистика од 1910 г. населението на селото броело 45 жители,[3]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во истата година во Бања се запишани 43 жители.[4] Во 1927 г. селото е преименувано во Агија Параскеви. Во пописот од 1928 г. е забележано со 26 жители, а во 1940 г. со 27 жители.[4] Бидејќи Бања настрадала во времето на Граѓанската војна, жителите го напуштиле селото. По војната, селото не било обновено.[4]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
