Белица (Егејска Македонија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Белица, Крушевска Река (месно: Крушовска Река)[1] или Валовишка Белица (грчки: Κρουσοβίτης) — река во Серско, Егејска Македонија.
Реката започнува седлото Бели со слевањето на три потока: Матна Река, Орта К’шла и Рамњанска Река.[2] Најдолгиот од нив извира на планината Шарлија (Бродска Пл.), источно од главниот врв Али Баба. Тече на север и јужно од Крчово свртува на запад[3] и тече низ живописна долина.[2] Минува јужно од Крушево, каде ја прима десната притока Дула и се насочува кон југозапад. Проаѓа покрај градот Валовишта, од каде штодолжува како регулиран канал и пред Спатово свртува на југ. Поминува источно од Баракли, тече на југоисток и на крајот се влева во Струма југоисточно од Бејлик Маала.[3]
Remove ads
Притоки
→ лева, ← десна
- ← Хасаница
- ← Дула
- ← Спановица
- ← Стаговица
- ← Карабидае
- → Куслу
- ← Сандур
- ← Омерли
- → Баба
- → Саранда Петрес
- ← Платанија
- → Карадере (Мамуна)
- ← Лангада
- ← Балугана
- ← Мојан
- → Линска
- → Ќучук Али
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads