Берекетли

From Wikipedia, the free encyclopedia

Берекетлиmap
Remove ads

Берекетли (грчки: Δάτο, Дато[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Берекетли Δάτο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 12 километри северозападно од градот Кавала на надморска височина од 65 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 220 Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Дато[4].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 50 грчки семејства со 239 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 239 лица, додека во 1940 година селото броело 336 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 446 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 362 жители, во 1971 година имало 250 жители, во 1981 година имало 231 жител, додека во 1991 година имало 253 жители[6]. Денеска, населението на селото е 310 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads