Билбил Секулоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Билбил Секулоски
Remove ads

Билбил Стојанов Секулоски ( 1918 во Иванчишта 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

По завршувањето на основното училиште, некое време се занимавал со земјоделие, а потоа работел во жандармеријата. По окупацијата, тој работел како карабинер во италијанската карабинерија. Членовите на КПМ од селото и теренот постојано ја следеле неговата работа и се обидувале да му ги предочат целите на окупаторската власт. По капитулацијата на фашистичка Италија во септември 1943 година, тој се определил за борба против окупаторот. Еден период работел во Скопје, а од пролетта 1944 година, стапил во Народноослободителната војска на Македонија. Учествувал во завршннте борби во Западна Македонија, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус, заминал на Сремскиот Фронт каде загинал при пробојот кај Врпоље во април 1945 година. Во борбите на Сремскиот фронт, тој се истакнал како храбар борец и загинал во улога на командир на чета.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads