Иванчишта
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Иванчишта — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во југозападниот дел на Кичевската Котлина, во изворишното сливно подрачје на реката Треска, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.070 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 1 километар.[2]
Иванчишта е сместено десно од некогашната железничка линија со тесен колосек Кичево-Охрид, сместено на планинска падина. Низ селото тече Иванчишка Река, на која се наоѓале воденици.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Крстине, Гроб, Љуто’ечки Камен, Митрев Аргач, Кремен, Три Гробо‘и Еѓупски, Метеризи, Божина Ра‘ен, Трпев Гроб, Русе’и Кошари, Долни Ехли, Под Сукало, Умалишта, Дабче’и Градишта, Танаскоски Забел и Матешки Камен.[4]
Селото има збиен тип. Не постојат маала, иако има родовско групирање на куќите.[3]
Селото се наоѓа во областа Горна Копачка, на планината Стогово.
Remove ads
Историја

Тука постоело стара населба, но со текот на времето, жителите се менувале. Остатоци од старото население се црквиштата и гробиштата.[3]
Во историските списи првпат е споменато како Иваништа во 1476/77 година како дервенџиско село со 15 куќи.[3]
Народното предание вели дека селото било подложно на турски напади поради близината на патиштата Кичево-Охрид и Кичево-Дебар.[3]
Во XIX век, Иванчишта било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
За време на Илинденското востание, селото Иванчишта е изгорено и ограбено од 150 души башибозук и 200 души редовен аскер.[5]
Селото настрадало и од балистите за време на Втората светска војна.[3]
Remove ads
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 16 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 750 хектари, на пасиштата отпаѓаат 595 хектари, а на обработливото земјиште 197 хектари.[2]
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 17 домаќинства со 62 жители христијани (Македонци).[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Иванчишта имало 336 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Иванчишта имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Иванчица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[9]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Иванчишта:[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[11]
Во 1961 година, Иванчишта било средно село по големина со 388 жители, а во 1994 година, по пат на иселување на населението, преминало во мала населба со 57 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Иванчишта живееле 29 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 3 Македонци и 3 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
Иванчишта е македонско православно село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се: Јанчевци, Гајтановци, Ѓоновци, Кацуровци и Џвановци. Сите заедно имаа 80 куќи. Првите четири родови се сметаат како родови со непознато потекло, додека родот Џвановци водат потекло од селото Жван.[3]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јанчевци (26 к.), Гајтановци (9 к.), Ѓоновци (15 к.), сите не си го знаат потеклото; Кацуровци (3 к.); Џвановци (18 к.), доселени од селото Жван.[4]
Remove ads
Општествени установи

- Поранешна пошта
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Иванчишта, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0767 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[20]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[21]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[22]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
- Црква „Св. Атанасиј“
- Споменици
- Споменик на НОБ
- Реки[23]
- Иванчишка Река — поминува покрај селото, се влева во Треска
Личности
- Родени во Иванчишта
- Дафинче Петков Карафилоски (р. 1877 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО, бил комита во Кичевско и Охридско. Соработник со Дејан Војвода од Лактиње. За време на арбиновската битка бил дел од кичевската чета која дошла во помош на дебрчанската чета.[24]
- Трајче Фидонов Карафилоски (р. 1864 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО, дел од четата на Наќе Јанев-Лавчанчето од Лавчани.[25]
- Бимбил Митрев Николоски — македонски револуционер од ВМОРО. Дејствувал во кичевска Копачка.[25]
- Станко Симјанов Вељаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Славка Алексоска — учесник во НОВ на Македонија
- Ивана Божиноска — учесник во НОВ на Македонија
- Ило Лазарески (1920-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Милутин Митрески (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Девчо Ристески (1917-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Билбил Секулоски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Таќо Симјаноски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Петреќија Стефаноски (1923-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Димка Димитриеска (1905-) — учесник во НОВ на Македонија
- Мето Петровски (р. 1935) — филмски и телевизиски режисер и снимател
- Стојмир Симјаноски (1937-2017) — македонски писател и најпознат уфолог;
Remove ads
Иселеништво
Од селото имало повремено иселување на населението. Родот Ивановци (13 к.) во кичевското село Премка е доселен од Иванчишта. По Втората светска војна, иселувањата започнале кон градовите Кичево и Скопје.[3]
Галерија
- Амбар во селото
- Главната селска црква „Св. Никола“
- Воденички дом
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads