Благороден гас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елементите од 8А групата уште го носат името благородни гасови, додека во минатото се нарекувале интерни гасови затоа што се верувало дека се нултовалентни и дека не образуваат соединенија. Од таму потекнува и името на самата група. Сега во хемиската литература за оваа група не хемиски елементи најчесто се користи називот 8А група. Во оваа група на елементи спаѓаат:
Радон е радиоактивен со период на полураспаѓање од 3,8 дена. Прозивод на радиоактивното распаѓање е дизентеграција на радиум. Овие елементи со својата примена започнале во 1910 година, кога е откриено дека струјата при премин низ овие елементи дава обоена светлина. До 1910 година благородните гасови имале само теоретско значење. Заедничката ознака за електронската кофигурација на оваа грпа е: ns2 np6 (со исклучок на хелиум чија кофигурација е ns2) со пополнети валентни орбитали.
Remove ads
Општи својства на елементите
Поради доста стабилната конфигурација на елементите не можат да примат ниеден електрон, а да не се започне со потполнување на ново електрично ниво.[2] Пополнетите електронски орбитали не даваат можност за меѓусебно спојување на атомите на овие елементи, па затоа се наоѓаат во три агрегатни состојби. Благородните гасови имаат многу високи вредности за енегрија на јонизација така де тешко може да се отпуштат електрони. Меѓу атомите постојан само Ван Дер Валсови привлачни сили. Тие растат со зголемување на атомскиот број, а со нив и температурата и точката на вриење. Благородните гасови немаат мирис и вкус, а во вода слабо реагираат. За хелиум кој има само 2 електрони вредностите за топење и вриење се најмали. Хелиум не е добиен во цврста агрегатна состојба. Благородните гасови влегуваат во состав на атмосферата. Се добиваат со фракциона дестилација на течен воздух.
Remove ads
Примена на благородните гасови
Хелиум се користи за полнење на балоните. „Хелиумовиот воздух“ се дава на нуркачите затоа што хелиумот помалу се раствора во крвта од азот, па затоа бргу се дига кон површината - спречува киселинска болест. Хелиумот служи за истражување на материи при многу ниски температури. Се претпоставува дека е течен и при апсолутна нула.
Неон се употребува за полнење на рекламни светлечки цевки. Ако под намален притисок дојде до електричено празнење низ неонот се јавува портокалово-виолетова светлост. Доколку се додаде живина пара и аргон бојата се менува до темносина и зелена.
Аргон се користи за полнење на светилки, како и за заварување во техниката затоа што дава интерна атмосфера. Се користи и а полнење на светлечки цевнки.
Криптон и ксеон исто така се користат и за полнење на светилки.
Благородните гасови се користат и во ласерската техника.
Remove ads
Соединенија на благородни гасови

Благородните гасови можат да градат соединенија иако имаат доста стабилна електронска конфигурација. Првото соединение на благородниот гас е направено во 1962 година. При собна температура извршено е мешање на темноцрвена пара на платина хексафлуорид PtF6 со вишок на ксеон; настанува цврсто жолто комплексно соединение ксеонон-хексафлусроплатинат, XePtF6.
До денес се направени повеќе од стотици соединенија на ксеон, пр: со флуор: XeF2, XeF4, XeF6; со кислород: XeO3. Некои од нив се многу стабилни, како на пример Rb2XeF8 кои не се разлагаат ниту на 400°С. Добиени се и некои соединенија на криптон и радон.
Соединенијата на благородните гасови немаат практична примена, така што нивното добивање има само теориска вредност.
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads