Аргон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Аргон
Remove ads

Аргонхемиски елемент со симбол Ar. Аргонот има атомски број 18 и е третиот елемент во групата 18 од периодниот систем (припаѓа на благородните гасови). Аргонот е присутен во Земјината атмосфера малку помалку од 1%, правејќи го најзастапениот инертен гас на Земјата.

Кратки факти Општи својства, Име и симбол ...
Remove ads

Поважни особености

Аргонот и кислородот имаат приближно иста растворливост во вода и се 2,5 пати порастворливи во вода отколку азотот. Овој високостабилен елемент е безбоен, без мирис и без вкус, како и нетоксичен во двете свои агрегатни состојби - како течност и како гас. Аргонот е инертен под повеќето услови и не образува потврдени стабилни хемиски соединенија при собна температура. Образувањето на аргон хидрофлуорид (HArF), метастабилно соединение на аргонот со флуорот и водородот, било за првпат пријавено од истражувачите при Универзитетот на Хелсинки во 2000 година.

Иако неутралните хемиски соединенија на аргонот се ограничени на HArF, аргонот може да образува клатрати со водените молекули кога неговите атоми се заробени од водата. Исто така, добро познати се и јоните кои содржат аргон, на пример ArH+, како и ексцитираните комплекси, на пример ArF. Теоретските пресметувања со компјутери покажале неколку аргонски соединенија кои би требало да се стабилни, но за кои не се познати синтетски патишта.

Remove ads

Агрегатна состојба

Повеќе информации гас, течност ...

Употреба

Thumb
Боци со аргон кои се користат како пламеногасачи.
Thumb
Разелектризирана туба наполнета со аргонски гас дава светла светлина кога електрична струја поминува низ неа.

Аргонот се користи во инкадесцентното осветлување и другите апликации во кои двоатомскиот азот не е доволно инертен. Аргонот нема да реагира со жичката на светилките дури и при високи температури.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads