Блаца
Село во Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Блаца или Блаце (грчки: Οξυά, Оксија, до 1927 Μπλάτση, Блаци)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Алтернативното име Бугарска Блаца[3] или Бугарско Блаце е превод на другото грчко име за селото, Βουλγαρομπλάτσι (Вулгароблаци)[4] со кое Грците го разликувале од кајларското село Влашка Блаца, негирајќи го македонскиот идентитет на населението и нарекувајќи го „бугарско“.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 15 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро, во историско-географската област Пополе, на јужниот дел од Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 1200 метри.
Историја
Според преданието, во минатото селото било сместено на врвот од планината додека неговите жители се занимавале исклучиво со сточарство. Подоцна, жителите се преселиле на месноста Милеви Ливади, од каде поради силните ветрови повторно се вратиле на местото каде денеска се наоѓа селото[5]. Селото во минатото било колибарско, кои постепено биле заменети со куќи од тврд материјал[5].
Во 1710 година во селото била изградена црквата „Св. Никола“, од која остатоци се забележуваат и денес. Во 1769 година селото било нападнато од албански разбојници[6], а потоа започнало постепеното раселување на жителите во Северна Македонија. Во 1885 година била осветена новата црква „Св. Константин и Елена“[7].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Блаца се состоело од 160 семејства со 470 жители Македонци[5][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Блаца имало 555 жители Македонци[5][9].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Блаца се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 95 куќи.[10]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 760 Македонци и работело егзархиско училиште[5][11].

Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски, додека 12 лица биле убиени.
Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 650 жители[12]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади[13]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 140 македонски семејства[14].
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија[15].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 424 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 264 жители.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 218 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 277 жители.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови, а 173 лица се иселиле во некоја од социјалистичките земји[18]. По војната започнува масовна емиграција во Австралија, САД и Канада.
Селото во пописот од 1951 година броело 122 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 154 жители, во 1971 година имало 121 жител, во 1981 година имало 79 жители, додека во 1991 година имало 73 жители[19]. Денеска, населението на селото е 69 жители според пописот од 2001 година.
1886 | 1900 | 1905 | 1913 | 1920 | 1928 | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 |
650[20] | 555[21] | 760 [22] | 424[23] | 264 [24] | 228[25] | 277 | 122 | 154 | 121 | 79 | 73 | 69 |
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- „Св. Константин и Елена“ од 1885 г.
- „Св. Никола“ од 1710 г., но во урнатини
- „Св. Јован Претеча“ во атарот на Блаца, подигната во чест на паднатите владини војници во борба со ДАГ
- Планини
- Вич — врвот на Нередска Планина, познат по војувањето на македонските дејци во Граѓанската војна
Личности
- Родени во Блаца
- Анастас Манолов (1890 - ?)[26]
- Анастас Попманолов[27]
- Атанас Шапарданов (? - 1901)
- Константин Дамјанов (1850 - 1927)
- Коста Василев (1880 - ?)
- Кузман Анастасов[28]
- Кузман Шапарданов (1849 - 1893)
- Кузо Поп Динов (1875 - 1907)
- Пантелеј Сеферов (1891 - 1977)
- Павел Симеонов
- Сребрен Дамјанов Василев (1890 - 1974)
- Тома Шапарданов (1885 - ?)
- Христо Наков
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads