Близанско
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Близанско — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото е сместено на бреговите на езерото Козјак.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото првпат е споменато како „Близниско“ во Константиновата грамота од 1258 година. Од првоспоменатото име се изведува дека означува „дол, рид“, или пак спојување на „близок“ со -ско.[2]
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, на левата страна на реката Треска (денес на бреговите на вештачкото езеро Козјак), во северниот дел на Општина Македонски Брод.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 440 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 43 километри.[3]
Атарот е зафаќа површина од 6,2 км2. Пред изградбата на езерото, атарот бил поделен на следниот начин: пасиштата заземаат површина од 556,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 56,9 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]
Во непосредна близина на селото се наоѓа и новоизградената викенд-населба Близанска, на самиот пат кон селото Здуње, каде била изградена и црквата „Св. Петка“.
Remove ads
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 45 семејства и 6 неженети, сите христијани.[4]
Во XIX век, Близанско било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Стопанство

Селото има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Близанско имало 20 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Близанско имало 160 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Близненско се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[8]
Близанско е мало село, во фаза на раселување. Во 1961 година селото броело 114 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 52 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Близанско имало 37 жители, од кои 36 Македонци и 1 Србин.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 26 Македонци, 1 останат и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Здуње, во која влегувале селата Близанско и Здуње.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Близанско се наоѓале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0267 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Црква — црква од средниот век;
- Селиште — населба од средниот век;
- Најдови Ниви — некропола од средниот век; и
- На Тумба — некропола од доцноантичко време.
- Цркви[20]
- Црква „Св. Архангел Михаил” — главна селска црква;
- Црква „Св. Петка” — помала црква во изградба; и
- Црква „Св. Петка” — новоизградена црква во населбата Близанска.
Личности
- Димо Настески (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
Галерија
- Викенд-населбата Близанска
- Поглед на Близанско
- Поглед на населбата Близанска на брегот на езерото
- Дел од селото
- Дел од селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads