Бобишта
село во Костурско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бобишта (дијалектно: Бобишча; грчки: Βέργα, Верга, до 1926 г. Μπόμπιστα, Бобиста или Μπόεμπιτσα, Боебиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри источно од градот Костур и јужно од градот Лерин, во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 836 метри.
Историја
Во времето на Кримската војна, во реонот беснееле разбојничките чети на Али Зот и Коста Рели, кои го нападнале селото, но четите биле уништени по крајот на војната[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бобишта се состоело од 60 семејства со 190 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Бобишта имало 684 жители Македонци[4][6].
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 150 куќи[7] додека биле убиени Дине Качаров, Дине Џинар, Митко Јанков, Иван Сарков, Мите Христов, Кузман Митрев, Мите Ѕилија, Ване Џаклев, Тасе Димитров, Кузо Христо, Тана Љакова, Тана Стефова и Катерина Јаловчева. Од селото 33 души учествувале во востанието, а загинале Манол Розов, Андреј Сидов, Насе Орлов и Кузо Розов[8].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 840 Македонци и работело егзархиско училиште[4][9]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 50 семејства. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 125 македонски семејства[10]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[11]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бобишта се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 115 куќи.[12]
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 243 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 141 жител.
Во 1926 година, селото било преименувано во Верга.[13]
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и 50 жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа, додека десетина биле убиени. 33 деца од селото биле протерани како деца-бегалци[14]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 198 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 131 жител, на пописот од 1961 година, во селото живееле 157 жители, во 1971 година имало 142 жители, во 1981 година имало 159 жители, додека во 1991 година имало 147 жители[16]. Денеска, населението на селото е 147 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Родови
Како македонски родови според истражувањата од почетокот на XX век се забележуваат:
- Ќичевци (2 к.), Петревци (1 к.), Рибовци (3 к.), Чоканевци (2 к.), Фотовци (2 к.), Кара-Костовци (2 к.), Мичовци (1 к.) и Љузовци (1 к.) сите порано чинеле еден род, и се староседелци.
- Шилиман (1 к.), Чулевци (1 к.), Тараљам (1 к.), Тутинци (1 к.), Розовци (3 к.), Папа-Николовци (1 к.), Дановци (3 к.), Горгановци (2 к.), Сарафовци (1 к.), Качаровци (2 к.), Илковци (1 к.), Парделовци (1 к.), Фаслевци (1 к.), Левендовци (1 к.), Љатовци (1 к.), Путловци (1 к.), Џимовци (1 к.) и Коковци (1 к.) и они порано чинеле еден род. Исто така староседелци се.[17]
Личности
- Родени во Бобишта
- Андреj Сидов[18]
- Атанас Митрев Розов[19]
- Атанас Михаjлов (1869 - 1933)
- Атанас П. Гирганов (1876 - ?)[20]
- Благоj Орлов
- Блаже Рибов[21]
- Георги Атанасов Тенекеџиев (15 март 1870 - ?)[22][23]
- Георги Попгорганов
- Димитар А. Розов (1866 - ?)[23][24]
- Димитар Костадинов[25]
- Димитар Љапов (1870 - 1941)
- Димитар Шишков (1882 - ?)[26]
- Златко Каратанасов[27]
- Иван Димитров[28]
- Илија Орлов[29][30]
- Иљо Ставров (? - 1948)[31]
- Константин Христов[32]
- Константин Шаханов[33]
- Крсто Тенекеџиев (? - 1913)[34]
- Кузо Розов (? - 1903)
- Ламбо Стоjчев (1867 - ?)[35]
- Манол Розов (1878 - 1903)
- Марко Попкараатанасов[36]
- Михаил Анастасов[37]
- Михаил Николов (1874 - 1934)
- Мичо Чоли (? - 1948)[38]
- Никола Бојаџиев[19]
- Никола Калиманов (1882 - ?)[39][40]
- Петар Г. Попов (1887 - ?)[41]
- Петар Николов[42]
- Петар Орлов
- Симеон Апостолов[43]
- Стефан Николов
- Стефан Типов (Турунџев)[44]
- Тодор Константинов[45]
- Трифон Атанасов[46]
- Цвета Божова (1873 - ?)
- Јанаки Гелев
- Јанко Костов (? - 1944)
- Починати во Бобишта
- Петар Гаjков (1872-1902)
- Кузо Погончев (1873-1902)
Remove ads
Иселеништво
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads