Боболец
село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Боболец или Бублич (грчки: Πύργοι, Пирги; до 1927 г. Βοβλίτσι, Вовлици[1]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Просечен на Драмскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 151 жител (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци од мешана вероисповед, кои и денес се мнозинство.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 19 км северозападно од градот Драма и 12 км североисточно од општинскиот центар Просечен, во јужното подножје на ридот Мраморец, огранок на Боздаг, на надморска височина од 630 м.[2] Сместено е на десната страна на реката Сушица, која ја образува блиската Боболечка Клисура.
Историја

Во Отоманското Царство
Во XIX век Боболец било македонско село во Драмската каза на Драмскиот санџак. Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во Боблиц имало 66 домаќинства со 279 машки жители. Дел од селското население биле Македонци-муслимани.[3][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Боболец, на север од Драма; се минува преку Плевна бидејќи помеѓу Драма и Боболец се издига стрмен врв на Боздаг. На 1 1⁄2 ч. североисточно од Плевна. Околината е планинска; селаните се рудари и дрвари. Црква во која се служи мешано. 30 македонски и 30 помачки куќи.[5] | “ |
Кон крајот на XIX век Васил К’нчов го забележал селото со 18 македонски и 50 помачки куќи.[3][6] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Боболец имало 240 Македонци-христијани, 245 Македонци-муслимани и 7 Роми.[3][7]
Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Баболец (Baboletz) имало 160 Македонци под влијание на патријаршијата. Во селото работело грчко училиште со еден учител и 10 ученици.[3][8]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 169 жители, кои поради војните во 1920 г. се зголемиле на 442 лица.[2]
Во 1924 г. муслиманското население било иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле бегалски семејства од Мала Азија, така што селото станало мешана населба.[2] Во 1927 година, името на селото било променето во Пирги (Πύργοι), во превод „кули“.[1]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а поради пространите пасишта во околината, внимание му се посветува и на сточарството.[2]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 51,4 квадратни километри.[2] Општината Боболец, која била укината во 1997 година и станала дел од општината Просечен, која во 2011 година станала дел од поголемата општина Просечен.
Селото припаѓа на општинската единица Просечен со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Просечен, во округот Драма. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Боболец, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Преображение“ — главна селска црква
Клисури
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads