Богоја Стојанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Богоја Стојанов
Remove ads

Богоја Андреев Стојанов ( 1926 во Горно Соње 1945 во Скопје) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Израснат е во сиромашно семејство. По завршеното основно училиште, се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Во составот на Шеснаесеттата македонска ударна бригада заминал на Косово и зел учество во многубројните акции за ликвидирање на балистичките банди. Подоцна учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт и борбите за ослободување на Војводина и дел од Хрватска. Неколку денови пред крајот на војната, на 4 мај 1945 година, бил тешко ранет. Лечењето во болницата на фронтот, како и во скопската воена болница, не му помогнале. Подлегнал на раните кон крајот на 1945 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads