Боровичене

From Wikipedia, the free encyclopedia

Боровиченеmap
Remove ads

Боровичене (бугарски: Боравѝчени) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Боровичене, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во планински реон, на 20 километри западно од градот Петрич и на 42 км југоисточно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа простор од 622 км2. Селото се наоѓа на надморска висина од 388 метри.

Историја

Османлиско Царство

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Боровичани, Во истата година, во селото живееле 73 христијански и 3 муслимански семејства.[1]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боровица (Borovitza) се состоело од 33 куќи, и 102 Македонци.[2][3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 жители, сите Македонци.[2][4] Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Боровичене било мала на поранешното село Игуменец.

Remove ads

Редовни настани

Редовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads