Игуменец
историско село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Игуменец (понекогаш Егуменец или ретко Гумниче) — поранешно зборно село во Петричко, Пиринска Македонија. Престанало да постои со неговото отпишување во 1947 г. Голем дел од маалата биле прогласени за одделни села, а некои влегле во состав на новопрогласените населени места.
Remove ads
Географија
Во рамките на селото се наоѓале 12 маала распослани на јужните падини на Огражден: Баскалци, Боровичене, Водениците (иселено во 1956 г.), Гега, Горчево, Долни Крај (од 1959 во состав на Гега), Зојчене, Кукурахцево, Мечково (од 1959 во состав на Баскалци), Робово (денес офиц. Волно), Учкунци (од 1959 во состав на Гега) и Чурилово.[1]
Историја
Игуменец се спомнува во турските дефтери од 1570, 1611–1617, 1660, и 1664–1665 година. Според првиот, во селото (запишано како Гуменица), живееле 1 муслиманско и 209 христијански домаќинства.[2]
Во XIX век Игуменец било најголемото село во Петричката каза. Населението се занимавало со сточарство (чувајќи овци, кози и свињи), земјоделство (огледувајќи ’рж, јачмен, пченка, тутун, сусам, овошје), дрварство и кираџиство. Се произведувало сусамово масло (шарлаган), кое се продавало на пазарите во Сер, Мелник и други места.[3]
Во 1858 г. со средства и труд на селаните е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“ (денес во атарот на Чурилово), околу која настанал Чуриловскиот манастир. Тој е изграден на местото на постаро духовно средиште, кое несомнено одиграло улога во создавањето на Игуменец како збирна целина од населби. За ова сведочи и името на селото.[4] Најпрвин во манастирот е отворено јавно ќелијно училиште на старословенски, а подоцна и училиште на современ јазик.
Селото зело активно учество во борбата за црковна независност од Цариградската патријаршија.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сгуменец (Sgoumenetz) било село со 47 домаќинства, со 50 жители муслимани и 76 жители Македонци.[5][6] (Очигледно овие податоци се неточни, ако се спроедат со другите статистики од тоа време.) Во овој период и понатаму работела бугарската пропаганда на образовен и црковен план.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Игуменец, големо село на северно од Петрич 4 часа пат. Се состои од 12 маала, од кои поглавни се: Зајчине, Занога, Зарадол и Зинопол. Сите тие маала лежат во Малешевската Планина, не особено оддалечени едно од друго. Почвата претставува прекрасна орна земја. Иако се високо, до врвот близу Малешевскатата Планина е покриена со ливади. Имаат црква со мешана настава; бугарско училиште со 28 ученици. Игуменец има 427 куќи; Занога 15; Зарадол 20, Зајчине 40 и Зинопол 35 куќи — сите од нив Македонци.[5] Селаните живеат од земјоделство и сточарство.[7]
Во 1900 г. според истражувањата на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), Игуменец броел 3.500 жители, сите Македонци христијани.[5][8]
Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Егуменец (Egoumenetz) се состоело од 3.776 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија. Во селото работело 1 основно бугарско училиште со 1 учител и 24 ученици.[5][9]
Селото има и суштински придонес и во народноослободителните борби на македонскиот народ. За време на Горноџумајското востание во есента 1902 г. Игуменец бил еден од главните востанички центри во Петричко.[10]
Remove ads
Личности
- Родени во Игуменец
- Златин Ангелски (о. 1837 – 1914) — преродбеник
- Костадин Попов (Попстојанов) (о. 1850 – 1904) — револуционер, војвода на ВМОК
- Стојко Бакалов (Бакалчето) (1872 – 1928) — револуционер на МРО
- Никола Попов (1889 – 1922) — учител и револуционер
- Стефан Караџов — војвода на ВМРО, дејствувал во Малешево летото 1922 г.[11]
- Антон Попов (1915 – 1942) — писател и новинар
- Благородна Божинова (1925 – 2000) — општествен деец
- Починати во Игуменец
- Стојан Галабов Чопаков (1823 – 1893) — духовник и просветен деец
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads